Спорт
ЛЕ: Дрита го елиминираше Силекс, Милан и Волфсбург рутински
Шкендија останува единствениот македонски претставник во европските натпреварување, откако Силекс со 0:2 загуби од косовскиот клуб Дрита и беше елиминиран во второто квалификациско коло. Фаворизираните Милан и Волфсбург пак немаа проблеми со помалку реномирани противници.
Фидан Гербеши во 48. минута од пенал ги донесе Дрита во водство, а откако Силекс останаа со 10 играчи по црвениот картон на Грозданоски во 78. минута, Ардијан Лимани ги постави конечните 0:2.
Милан стигна до 2:0 победа во Ирска против Шамрок Роверс со головите на Златан Ибрахимовиќ и Хакан Чалханоглу, додека Волфсбург со 4:0 доминираше на гостувањето кај албанскиот Кукеши.
Партизан од Белград пак, се намачи за во продолженијата со 1:0 да го совлада молдавскиот Сфинтул Георге, додека балканското дерби меѓу Олимпија Љубљана и Зрињски Мостар исто така се решаваше во продолженија, за Зрињски да победи со 3:2.
ЛИГА ЕВРОПА, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
КуПС Куопио (Фин) – Слован Братислава (Свк) 0:0, 1:1 по продолженија, 4:3 пен.
Флора (Ест) – КР Рејкјавик (Исл) 2:1
Олимпија Љубљана (Сло) – Зрињски Мостар (БиХ) 2:2, 2:3 по продолженија
Конахс Квеј (Вел) – Динамо Тбилиси (Гру) 0:1
ЦСКА Софија (Буг) – БАТЕ Борисов (Блр) 2:0
Ѓургарден (Шве) – Европа (Гиб) 2:1
Хибернијанс (Мал) – МОЛ Фехервар (Унг) 0:1
Лаци (Алб) – Хапоел Бер Шева (Изр) 1:2
Локомотив Тбилиси (Гру) – Динамо Москва (Рус) 2:1
Макаби Хаифа (Изр) – Алмати (Каз) 2:1
ОФИ Крит (Грц) – Аполон (Кип) 0:1
Сфинтул Георге (Мол) – Партизан (Срб) 0:0, 0:1 по продолженија
Интер Ескалдес (Анд) – Дандалк (Ирс) 0:1
Арис (Грц) – Колос Коваливка (Укр) 1:2
Кукеши (Алб) – Волфсбург (Гер) 0:4
Шамрок Роверс (Ирс) – Милан (Ита) 0:2
Силекс (Мкд) – Дрита (Кос) 0:2
Стандард Лиеж (Бел) – Бала Таун (Вел) 2:0
Пјонст (Пол) – Хартберг (Авт) 3:2
Борац Бања Лука (БиХ) – Рио Аве (Пор) 0:2
Мура (Сло) – Архус (Дан) 3:0
Викинг (Нор) – Абердин (Шко) 0:2
Линфилд (СИр) – Флоријана (Мал) 0:1
Осијек (Хрв) – Базел (Шва) 1:2
Сервет (Шва) – Ремс (Фра) 0:1
Коларејн (Ирс) – Мадервел (Шко) 2:2, 0:3 пен.
Дунајска Стреда (Свк) – Јаблонец (Чеш) 3:3, 5:3 по продолженија
Хонвед (Унг) – Малме (Шве) 0:2
Бачка Топола (Срб) – Стеауа (Ром) 4:4, 6:6 по продолженија, 4:5 пен.
GOOOOAAAAALLLL! Drita takes the lead by penalty
?? Sileks 0-[1] Drita ??
⚽ Fidan Gërbeshi 48′ (P)? MPT pic.twitter.com/uTC7LHdhWy
— Dardanian Football (@DardanianFooty) September 17, 2020
Enjoy this goal! Wonderful football by @DritaFc
?? Sileks 0-[2] Drita ??
⚽ Adrian Limani 80′ pic.twitter.com/ZJjJHvknMd— Dardanian Football (@DardanianFooty) September 17, 2020
ШАМРОК – МИЛАН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

