Контакт

Спорт

ЛЕ: ФЦСБ е најнесреќниот клуб на светот

Објавено пред

Романскиот клуб ФЦСБ, многу попознат по своето старо име Стеауа Букурешт, е дефинитивно нанјесреќниот клуб на светот оваа недела, откако малерите ги следеа еден по еден при 0:1 поразот од чешкиот Либерец и елиминација во третото квалификациско коло на Лига Европа.

ФЦСБ во минатото коло во еден од најдраматичните мечеви во историјата на европските натпреварувања одиграа 6:6 со српскиот ТСЦ Бачка Топола и поминаа на пенали, но пандемијата на КОВИД-19 предизвика тие едвај да соберат играчи за денешниот дуел со Либерец, добивајќи ги на неверојатна позајмица од само 24 часа, односно само за вечерашниот меч.

Еден од фудбалерите со кои потпишаа, Горан Карановиќ мораше да го напушти натпреварот поради повреда во осмата минута, а во 20-тата минута тие останаа без Романецот Стефан Кана, кој претходно беше позајмен на второлигаш од ФЦСБ поради црвен картон. На крајот, без дефанзивци во својот тим, Либерец успеа да постигне два гола и да се пласира во баражот.

ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Арарат-Арменија (Ерм) – Целје (Сло) 1:0

КуПС Куопио (Фин) – Судува (Лит) 2:0

МОЛ Фехервар (Унг) – Ремс (Фра) 0:0, 4:1 пен.

Викторија Плзењ (Чеш) – Сондерјиске (Дан) 3:0

Ростов (Рус) – Макаби Хаифа (Изр) 1:2

ЦСКА Софија (Буг) – Б36 Торнсхавн (Фар) 3:1

Ѓургарден (Шве) – ЦФР Клуж (Ром) 0:1

Малме (Шве) – Локомотива (Хрв) 5:0

Мура (Сло) – ПСВ Ајндховен (Хол) 1:5

Рига (Лет) – Селтик (Шко) 0:1

Розенборг (Нор) – Аланијаспор (Тур) 1:0

ФЦСБ (Ром) – Слован Либерец (Чеш) 0:2

Хапоел Бер Шева (Изр) – Мадервел (Шко) 3:0

Спорт

Пред 6 месеци имал корона, сега пак е позитивен

Објавено пред

Колумбискиот велосипедист Фернандо Гавирија (26) вторпат за 6 месеци е заразен со коронавирусот, открило вчерашното тестирање пред денешната 16. етапа на „Џиро Диталија“.

„Гавирија веднаш е ставен во изолација, добро се чувствува и нема симптоми. Сите други велосипедисти се негативни. Лекарската служба внимателно ја следи ситуацијата“, се вели во соопштенето на тимот чиј член е заразениот велосипедист.

Тој првпат беше заразен со опасниот вирус во март годинава за време на трката во УАЕ. Тогаш цел месец помина на болничко лекување во Абу Даби.

Досега најдобриот пласман на трката во Италија му беше седмото место на 11. етапа.

Неговиот случај ќе ги заинтригира лекарите затоа што ретки се оние што и вторпат се заразени со Ковид-19.
„Џиро Диталија“ финишира в недела во Милано.

Прикажи повеќе...

Спорт

Робињо: Жалам што ја изневерив жена ми, ама не сум силувач!

Објавено пред

Своевремено еден од бразилските фудбалски „бисери“, Робињо (36) повторно е без клуб откако Сантос му го прекина договорот само 6 дена по потписот. Причината за тоа е што Бразилецот е осомничен за силување во Италија, а бразилскиот клуб поради тоа е мета на навивачите и клупските спонзори.

Робињо го негира инцидентот во ноќен клуб во Милано (во 2013 година) со тогаш 22-годишната Албанка.
„Девојката ми пристапи и имавме контакт. Беше тоа контакт со прифаќање од двете страни, а подоцна јас си отидов дома“ изјави за бразилски „UOL”.

Фудбалерот тврди дека неколку негови пријатели останале со девојката по неговото заминување и имале сексуален однос со неа, без присилба. Клучни докази во процесот против Робињо се прислушкувани телефонски разговори меѓу него и пријателите во кои фудбалскиот ас вели дека девојката била „потполно пијана“.

Адвокатите на екс-играчот на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан тврдат дека неговите зборови не се добро преведени на италијански, а самиот Робињо вели дека девојката воопшто не била пијана.

„Кога ми пријде, таа воопшто не беше пијана затоа што ми го запамети името и знаеше кој сум. Пијана личност на ништо не се сеќава, а таа се сеќава на се“ рече Робињо.

Тој единстваено за што жали е што ја изневерил сопругата Вивијан со која е во брак од 2009 година и со која има 3 деца.

„Единствено што жалам е што ја изневерив сопругата, сето остнато е извадено од контекст и `надувано` за да се продаваат вестите. Мојата грешка е што не и бев верен на жената, но никого не сум присилил на секс“ вели Робињо.
Бразилецот и во 2009 година, додека настапуваше за Манчестер Сити беше осомничен за силување.

View this post on Instagram

Feliz natal 🎄🎁 😍#amor#familia

A post shared by Robinho (@robinho) on Dec 25, 2019 at 1:21am PST

View this post on Instagram

❤️💪🏾😠😂

A post shared by Robinho (@robinho) on Jun 30, 2018 at 10:43am PDT

Прикажи повеќе...

Спорт

Игуаин: Во Европа веќе не уживав, поради медиумите!

Објавено пред

Аргентинскиот фудбалер, Гонзало Игуаин по раскинувањето на договорот со Јувентус реши да се испроба и во американската МЛС лига, во Интер Мајами. За клубот каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам аргентинскиот ас одигра досега 6 меча и еднаш се запиша во листата на стрелци. Во разговор за „CBS Sports“ тој вели дека повторно ужива во фудбалот.

„Секогаш бев љубопитен кога ги гледав брат ми и други играчи, па сега сум овде за повторно да бидам среќен. Мислам дека Интер Мајами ми даде се што ми е потребно. Со доаѓањето овде повторно ми се разбуди детското чувство кое во Европа го загубив од разни причини “ вели 32-годишниот фудбалер.

Соиграч на Гонзало му е неговиот 35-годишен брат, Федерико.

„Има многу работи кои не ги знаев за него (Федерико) затоа што бевме далеку еден од друг. Ние загубивме 15 години и сега се обидуваме да го надополниме времето“ – смета Игуаин помалиот.

Една од работите кои му сметале при настапите во европските првенства се медиумите.

„Од медиумска перспектива , во Европа се бара премногу. Морав да се докажувам буквално секој ден, од меч во меч, и тоа го правев цела кариера. Моето трпение се ближеше до крај. Не ти дозволуваат вистински да уживаш“ смета тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија2 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија4 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија6 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија6 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа7 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија7 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа8 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија9 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија9 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет9 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет10 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет10 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија24 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија1 ден

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Досие