Спорт
ЛЕ: Гринвуд за победа на Јунајтед, реми за Партизан, понижување за Менхенгладбах (видео)
Манчестер јунајтед настапите во Лига Европа ги стартуваше со тешко извојувана 1:0 победа над казахстанскиот клуб Астана, додека во истата група, Партизан херојски пред 20.000 деца стигна до 2:2 реми со АЗ Алкмар. Во Менхенгладбах пак, домашната Борусија доживеа понижувачки 0:4 пораз од дебитантот во ЛЕ, австрискиот Волфсбергер.
„Ѓаволите“ на „Олд Трафорд“ се мачеа со Астана, пред во 73. минута, 17-годишниот Мејсон Гринвуд да го постигне првиот гол за сениорскиот тим за победа на тимот на Оле Гунар Солскјер. Во истата група, Партизан го играше последниот меч под „казна“ на УЕФА, но на трибините имаше 20.000 деца кои го видеа тимот на Саво Милошевиќ како стигнува до 2:2 реми со АЗ Алкмар.
Во Менхенгладбах, пак, се случи вистинско чудо откако тимот на Волфсбергер во својот прв настап во големите европски натпреварувања стигна до неверојатна 4:0 победа обезбедена со дури три гола во првото полувреме. Во истата група, Рома немаше проблеми и со 4:0 го совлада турски Башакшехир.
ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Г
Порто – Јанг бојс 2:1
Глазгов Ренџерс – Феенорд 1:0
ГРУПА Х
Еспањол – Ференцварош 1:1
Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1
ГРУПА И
Гент – Сент-Етјен 3:2
Волфсбург – Олександрија 3:1
ГРУПА Ј
Рома – Башакшехир 4:0
Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0:4
ГРУПА К
Слован Братислава – Бешикташ 4:2
Вулверхемптон – Брага 0:1
ГРУПА Л
Манчестер јунајтед – Астана 1:0
Партизан – АЗ Алкмар 2:2
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – АСТАНА
РОМА – БАШАКШЕХИР
БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ – ВОЛФСБЕРГЕР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

