Спорт
ЛЕ: Хауге пак „блесна“ за Милан, Тотенхем и Динамо Загреб завршија со победи

Милан, Тотенхем и Динамо Загреб беа меѓу клубовите кои ја комплетираа групната фаза во Лига Европа со победи и сега ја чекаат ждрепката и противниците во првата нокаут фаза.
Милан гостуваше во Прага кај Спарта како веќе квалификуван тим и со мали шанси да го освојат првото место во групата, така што тренерот Стефано Пиоли се реши за помлад тим. Сепак, повторно човек на одлука беше Јенс Петер Хауге, кој се покажува клучен за „росонерите“, откако постигна фантастичен гол во првото полувреме.
Тотенхем, пак, го освои првото место во својата група, откако со 2:0 го совлада Антверпен во Лондон благодарение на головите во второто полувреме на Карлос Винисуис и Џовани Ло Селсо, а и вториот премиерлигаш, Лестер го обезбеди првото место со 2:0 победа над АЕК, откако постигнаа два гола во две минути на стартот на мечот (12. и 14. минута) преку Џенгиз Ундер и Харви Барнс.
Динамо Загреб ја комплетираше можеби најдобрата есен во Европа, откако со 3:1 го совладаа тимот на ЦСКА Москва за да го обезбедат првото место во својата група со 4 победи и 2 ремија!
ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО
ГРУПА Г
Брага – Зорја Луханск 2:0
Лестер – АЕК 2:0
Конечна табела: 1.Лестер 13, 2.Брага 13, 3.Зорја 6, 4.АЕК 3
ГРУПА Х
Селтик – Лил 3:2
Спарта Прага – Милан 0:1
Конечна табела: 1.Милан 13, 2.Лил 11, 3.Спарта П. 6, Селтик 4
ГРУПА И
Макаби Тел Авив – Сиваспор 1:0
Вилјареал – Карабаг, одложено
Конечна табела: 1.Вилјареал 13, 2.Макаби Т.А. 11, 3.Сиваспор 6, 4.Карабаг 1
ГРУПА Ј
Лудогорец – ЛАСК Линц 1:3
Тотенхем – Антверпен 2:0
Конечна табела:1.Тотенхем 10, 2.Антверпен 12, 3.ЛАСК 10, 4.Лудогорец 0
ГРУПА К
Динамо Загреб – ЦСКА Москва 3:1
Волфсбергер – Феенорд 1:0
Конечна табела: 1.Динамо З. 14, 2.Волфсбергер 10, 3.Феенорд 5, 4.ЦСКА М. 3
ГРУПА Л
Хофенхајм – Гент 4:1
Слован Либерец – Црвена звезда 0:0
Конечна табела: 1.Хофенхајм 16, 2.Ц.Звезда 11, 3.Либерец 7, 4.Гент 0
СПАРТА П. – МИЛАН
ТОТЕНХЕМ – АНТВЕРПЕН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.