Спорт
Леброн сруши рекорд на Карл Мелоун, ама не е горд поради тоа

Леброн Џејмс и ноќеска го водеше ЛА Лејкерс до нова НБА победа. Триумфираа над Мемфис Гризлис, а во текот на мечот „кралот“ сруши уште еден поради кој сигурно не е горд.
Џејмс моментно е лидер на листата на кошаркари со најмногу загубени топки – вкупно 4.525.
Претходно овој непопуларен рекорд беше во сопственост на легендата на Јута Џез, „поштарот“ Карл Мелоун кој повеќе од 20 години беше со 4.524 загубени топки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хамилтон: Не измислувајте приказни дека ќе се пензионирам

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека не планира да се пензионира и дека очекува да остане во Формула 1 уште неколку години.
Седумкратниот светски шампион го освои шестото место на претходната трка во Шпанија, со што го продолжи лошиот старт во италијанскиот тим.
На барање на тимот, мораше да го пропушти клупскиот колега Шарл Леклер, а Нико Хулкенберг успеа да го престигне во последните кругови. Тој моментално има 23 поени помалку од Леклер во генералниот пласман, а дури 115 помалку од лидерот Оскар Пјастри.
Сепак, 40-годишниот Хамилтон рече дека неговата приказна во Ферари штотуку започнала и дека нема планови да се пензионира наскоро.
„Не се сомневам дека ќе продолжам да се натпреварувам во наредните години, поради што би ги замолил медиумите да не измислуваат приказни за моето пензионирање. Јас штотуку ја започнав мојата приказна тука и ќе имам уште многу трки со овој тим“, рече Хамилтон.
Викендов шампионатот во Формула 1 продолжува со Голамата награда на Канада. Вечерва од 22 часот на програмата се квалификациите, а трката се вози в недела од 20 часот.
Спорт
„Интер беа многу арогантни, поради тоа примија пет гола од ПСЖ“

Тренерот на Олимпик Марсеј, Италијанецот Роберто де Зерби, во изјава за италијанските медиуми даде свое мислење за дебаклот на Интер од ПСЖ (0:5) во финалето во Лигата на шампионите.
Де Зерби бил гостин во подкастото „Супернова“ на радио водителот Алесандро Кателано. Тренерот на Марсеј смета дека Интер премногу аригантно влегол во дуелот со ПСЖ.
„Интер е одличен тим, а Инзаги е одличен тренер и навистина немаше причина да загубат со пет гола разлика. Мислам дека проблемот е што италијанскиот фудбал не го запозна ПСЖ многу добро, имаше тука многу ароганција“, вели Де Зерби.
Де Зерби е некој што многу добро го познава ПСЖ, сите квалитети и слабости на тимот, кои не се непознати за другите тренери, па затоа беше изненаден што Интер не направил добро скаутирање на деталите од играта на францускиот тим.
„Тие не знаеја, на пример, дека ПСЖ почнува од центарот како во рагби, или дека Дембеле постојано се демне на работ од шеснаесетникот, или дека Дуе е талент на ниво на Јамал, иако не е до таа мера одлучувачки фактор. Тие не сфатија дека Витиња сега е веројатно најдобриот играч од средниот ред во светот, не го проценија добро квалитетот на Невеш. Во Италија, никој не напиша ниту еден ред за второто место на мојот Марсеј и ја игнорираа Лига 1, која е многу тешка. Лил беше во осминафиналето во Лигата на шампионите, Брест беше веднаш под ПСЖ, Монако со играч помалку загуби од Интер, истиот тој Монако ја победиБарселона. Можете да видите што се случи со Италија во Норвешка“, алудираше тој на уште еден дебакл на италијанскиот фудбал, во овој случај на националниот тим.
Спорт
Гундоган во Галатасарај, Антони во Фенербахче, Ангиса во Бешикташ

Најпопуларните турски клубови, големите ривали од Истанбул: Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ исклучително се активни во преодниот рок.
Галатасарај, освојувач на дуплата круна, постигнал договор со искусниот Илкај Гундоган. Во следните неколку дена ќе потпише едногодишен договор по медицинските прегледи, ќе заработи пет милиони евра.
Поранешниот германски репрезентативец минатата сезона играше за Манчестер сити, реши да замине во Турција откако клубот не му понуди нов договор.
Бразилецот Ентони се врати во Манчестер Јунајтед од Бетис, каде што блескаше, но според англиските медиуми, тој нема да се задржи на „Олд Трафорд“. Бразилскиот офанзивен играч за врска ќе ја помине следната година на позајмица во Фенербахче како играч на „црвените ѓаволи“. Договорот меѓу двата клуба е постигнат, а финализирањето се очекува во следните неколку дена.
Еден од клучните играчи на Антонио Конте во походот на шампионската титула во Серија А, Франк Ангиса го напушти Наполи. Ангиса му се приклучи на Бешикташ.
„Црно-белите“ од Истанбул за трансферот на Ангиса издвоија 10 милиони евра, Наполи преку бунусите може да инкасира уште два милиони евра.