Спорт
Медведев го „избрка“ тренерот среде меч во Мелбурн

Рускиот тениски ас, Данил Медведев ночека во текот на мечот против Србинот Филип Крајиновиќ на Австралија опен влезе во кавга со својот тренер Жил Сервара по што тој си ги собра рабтите и го напушти стадионот во Мелбурн.
Скандалот е главна тема денеска во Австралија, а медиумите пишуваат дека Русинот побарал од својот тренер само да биде тивок и мирен крај теренот и да го пушти да игра. По мечот со кратка изјава за целиот инцидент.
„Пред да го напушти мечот, ми рече дека ќе победам. Рече дека ќе оди и ќе ме остави на мира, за да бидам посмирен на мечот“ изјави Медведев кој со 3-2 славеше против Крајиновиќ.
🔥 I'M OUTTA HERE 🔥
Daniil Medvedev's coach Gilles Cervara left mid-way through the match after copping some heat from the Russian star.
READ: https://t.co/OFaQqA5Ukn#9WWOS #AusOpen #AO2021 pic.twitter.com/1rE7xo0ZjW
— Wide World of Sports (@wwos) February 13, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сака да стане претседател на Барса, а би облекол дрес на Реал Мадрид!

Шансите на Виктор Фонт да стане нов претседател на Барселона страшно се намалија последните денови, откако за разлика од неговите противкандидати Жоан Лапорта и Тони Фреича, тој реши да одговори на хипотетичкото прашање дали би облекол дрес на лутите ривали Реал Мадрид ако то значи дека Барса ќе ја освои Лигата на шампиони и уште понатаму реши да го држи дресот на омразениот клуб.
Додека Фреича и Лапорта (кој е фаворит за враќање на претседателското место), секако, одговорија дипломатски и политички и одбија да го држат дресот, Фонт се реши за поинаков пристап и сигурно не доби дополнителни гласови.
Дека кампањата за претседател на Блауграна се сфаќа сериозно се гледа со тоа што се оддржуваат и ТВ дебати (каде што Фонт не блесна и го спореди Лапорта со нацист), каде што од нив беше побарано да го нацртаат логото на Барселона, нешто што Фонт не успеа да го направи. Кампањата не му оди најдобро…
Yesterday, Joan Laporta, Toni Freixa and Victor Font were asked whether they would wear a Real Madrid jersey if that meant Barça would win the Champions League.
Result:
🔸Laporta and Friexa refused.
🔹Victor Font agreed. pic.twitter.com/xOvPJBOQPZ— infosfcb (@infosfcb) February 24, 2021
Barca Presidential Candidates @victor_font @JoanLaportaFCB and @tonifreixa when being asked to Draw the Barcelona Logo in a Presidential test, one of them drew a Fox who looks like he got hit by a car in the face.
There is 1 Impostor Among us pic.twitter.com/R7ZMnnnm3k— 🇵🇹CR7 Uncensored & Honest (@CR7Uncensored) February 24, 2021
Спорт
Ѓоковиќ има „токсични“ фанови кои повеќе му штетат отколку што му помагаат?

Бен Ротенберг, еден од најпознатите тениски новинари и колумнист на „Њујорк тајмс“ по победата на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен оваа година, вели дека неговите фанови, посебно на социјалните мрежи, предизвикуваат другите тениски фанови да го „мразат“ светскиот број 1.
„Најгласните фанови на Новак Ѓоковиќ се посебно агресивни и полни со омраза, но мислам дека и самиот Новак не е свесен за тоа. Тоа што може да се види на социјалните мрежи го докажува тоа. Фановите не сфаќаат дека така го рушат имиџот на тенисерот, кој секогаш е добар и се однесува добро. Сите спортисти имаат вакви фанови, но тие на Ноле секогаш давале лош впечаток“, вели Ротенберг.
По 18-тата гренд слем титула уште еднаш стана јасно дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на светот во моментов, но тој често предизвикува поделби меѓу фановите – на тие кои го обожаваат и на тие кои речиси го мразат. Дел од нив, секако, се фановите на Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои ниту во лудило не би признале дека Ѓоковиќ е подобар тенисер.
Неодамна, тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ призна дека има група на онлајн фанови кои се решени да го напаѓаат Србинот без разлика на тоа што се случува. Ѓоковиќ, останува (релативно) смирен и продолжува со ловот на тениските терени – сега има 18 гренд слем титули, само две помалку од Федерер и Надал.
Спорт
Што би правеле без него? Меси со два гола сам го победи Елче

Лионел Меси го помина својот поранешен соиграч Луис Суарез на листата на стрелци во шпанската Ла Лига постигнувајќи го својот 17. и 18. гол во 2020/2021 за да ги предводи Каталонците до тешка 3:0 победа над Елче.
По првото полувреме без голови, капитенот во 48. минута со одлично проигрување на Мартин Брејтвајт ја помина целата одбрана на гостите за да постигне гол, а во 69. минута да добие убава топка од Френки де Јонг за 2:0. Ако тоа не беше доволно, тој ја инспирира и акцијата за 3:0 нафрлајќи за Жорди Алба да постигне гол во 73. минута.
Иако ова беше одложен натпревар од првото коло во Ла Лига, Барса сега е трета со 50 поени, два помалку од второпласираниот Реал Мадрид (со ист број одиграни натпревари) и пет зад лидерот Атлетико (со натпревар помалку). Елче останува претпоследн со 21 освоен поен.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер