Спорт
Лејкерси победија, тежок пораз на Денвер, Клиперси немоќни во Атланта

Две од водечките три екипи во Западната конференција во НБА-лигата забележаа порази во синоќешните натпревари. ЛА Клиперс доживеа пораз во Атланта, Денвер без шестмина играчи е поразен во Хјустон, а ЛА Лејкерс славеше над Њујорк.
Последнопласираниот тим на Истокот, Атланта Хокс, со 102:95 забележа победа над ЛА Клиперс, во чии редови го немаше Каваи Ленард.
Клиперс имаше 19 поени предност по првото полувреме, меѓутоа оваа разлика играчите на Атланта ја стигнаа и престигнаа во последниот квартал.
Џо Колинс ја предводеше Атланта со 22 поена и 16 скока. Кај Клиперс се истакна Мотрезл Херел со 30 поени.
ЛА Лејкерс без проблем славеше во дуелот со Њујорк Никс 100:92. Лејкерси ја забележаа 35 победа во сезоната.
Ентони Дејвис беше најдобар кај Лејкерси со 28 поени, Леброн Џејмс постигна 21 поен
Хјустон во дербито убедливо го порази Денвер Нагетс со 121:105. Расел Вестбрук забележа 28 поени и 16 скока, Џејмс Харден уфрли 27 поени, а се истакна кај Хјустон и Ерик Гордон со 25 поени.
Никола Јокиќ мечот кај Денвер го заврши со трипл-дабл од 19 поени, 12 скока и 10 асистенции. За српскиот репрезентативец ова беше 36. трипл-дабл во кариерата.
Резултати:
Голден стејт-Јута 96:129
Финикс-Индијана 87:112
Чикаго-Минесота 117:110
Мајами-Вашингтон 134:129
Бостон-Мемфис 119:95
Торонто-Филалделфија 107:95
Орландо-Оклахома 114:120
Детроит-Сакраменто 127:106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.