Контакт

Спорт

Лејкерси пред елиминација, Бруклин го мина Бостон

Објавено пред

Актуелните шампиони во НБА-лигата, Лос Анџелес лејкерс, се наоѓаат пред елиминација во плеј-офот. Финикс санс до водство во серијата од 3:2 дојдоа со убедлив триумф 115:85. За разлика од Лејкерси, првата рунда во пет натпревари ја минаа Бруклин нетс.

dobivaj vesti na viber

Финикс во Аризона го декласира составот на актуелниот шампион. Лејкерси без Ентони Дејвис, немаа никакви шанси против расположените домаќини, во чии редови се истакна Девин Букер со 30 поени.

Леброн Џејмс на спротивната страна постигна 24 поени, погоди девет од 19 шутеви, Кајл Кузман уфрли 13, а Хортон-Такер 11 поени.

Катастрофален меч за Лејекрси одигра Германецот Денис Шрудер. Тој ги промаши сите девет шута и стана првиот играч на Лејкерси кој во плеј-офот не погодил ниту еден од девет шута.

Шестиот меч од оваа серија се игра во Лос Анџелес за два дена.

Бруклин нетс во петтиот меч ги победија Бостон селтикс со 123:109 и со 4:1 се пласираа во конференциското полуфинале.

Селтикси немаа решение за големата тројка на Бруклин. Џејмс Харден забележа трипл-дабл од 34 поени и по 10 скока и асистенции, Кари Ирвинг постигна 25, а Кевин Дурент 24 поени.

Големата тројка во серијата со Бостон во просек постигнуваше по 85,2 поени.

Бруклин во наредната рунда ќе игра против Милвоки бакс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Калин Ивановски со успешен старт на новиот турнир во Тунис

Објавено пред

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа го стартуваше новиот ИТФ фјучерс турнир во Монастир, Тунис.

dobivaj vesti na viber

Ивановски, кој е прв носител на овој турнир, со 2:0 во сетови (6:3, 6:3) го победи Олаф Печковски од Полска и се пласира во осминафиналето. Тој и во двата сета доминираше и заслужено се избори за пласман во следната рунда.

Ивановски на минатиот турнир во Монастир стигна до финалето каде беше поразен.

Прикажи повеќе...

Спорт

РК Пролет ги задржа младинските репрезентативци, Димковски, Стојановски и Тотиќ

Објавено пред

Ракометниот прволигаш Тинекс Пролет постигна договор за продолжување на соработката со тројцата најперспективни ракометари во клубот, кадетските и младински репрезентативци на Македонија, Томислав Димковски, Андреј Стојановски и Михаел Тотиќ.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за ракометари кои имаа значајна улога во триумфот на кадетската репрезентација на ЕХФ шампионатот во Рига, на кој Димковски беше избран и за МВП на првенството. Тие добиваа шанса во првиот тим на Тинекс Пролет во првиот дел од сезоната, а сигурно ќе имаат уште позначајна минутажа во плејофот, каде се дел од плановите на тренерот Лембанов.

Димковски и Стојановски настапуваат на бековската позиција, додека Тотиќ одлично се снаоѓа на позицијата лево крило.

„Тинекс Пролет останува максимално доследен на клупскиот концепт на кој инсистира со години наназад, најдобрите членови на младинската школа да добијат шанси за докажување и во првата екипа. Остануваме проект што ќе создава квалитетни домашни играчи, го потврдуваме тоа и со новите договори на Димковски, Тотиќ и на Стојановски, тројца извонредно перспективни ракометари со кои потпишавме долгогодишни договори и за кои не се сомневаме дека ќе донесат бројни победи на тимот во иднина“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шпански фудбалер дознал дека e принц – Добил остров и милиони

Објавено пред

Животот на триесетгодишниот шпански фудбалер Жорди Амат се преврте наопаку за само една година. Минатата година зеде индонезиско државјанство благодарение на неговата баба, која има корени од таа земја. Во тој процес, тој дознал дека има статус принц на островот Сиау.

dobivaj vesti na viber

Амат на тој начин го добил островот и милионско богатство, без воопшто да знае со што располага.

Роден е на периферијата на Барселона, а неговите родители се од Каталонија. Меѓутоа, неговата баба е од островот Сиау во Индонезија.

Станува збор за остров со површина од околу 160 квадратни километри. Според последниот попис, таму живеат нешто повеќе од 45.000 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordi Amat (@jordiamat5)

„Знаев дека постои можност да земам индонезиско државјанство поради баба ми, а тоа секогаш ми беше интересно поради нејзините приказни“, вели Амат во интервју за „Марка“.

На крајот се испоставило дека неговата баба била во роднинска врска со кралот на Индонезија, а неговиот прадедо бил владетел на тој остров.

Островот сега во најголем дел е во рацета на Амат, кој на тој начин, неочекувано, доби голема одговорност.

Амат во својата кариера настапуваше за Еспањол, Рајо Ваљекано, Свонси, Реал Бетис и Еупен, а моментално игра за Јохор Дарул Тазим во Малезија.

Покрај тоа, Амат дебитираше за Индонезија и веќе одигра четири натпревари за репрезентацијата на неговата нова татковина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Захарова: Обидот за посегнување на руски имот ќе се смета за грабеж, ќе одговориме

Русија ќе возврати на обидите на Западот да ги заплени руските средства за да и ги предаде на Украина, изјави...

Свет1 час

ФБИ го претресува домот на Бајден

ФБИ го претресува домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат, а пренесе Би-би-си. Адвокатот на Бајден...

Европа2 часа

Оланд: Путин не е луд, туку е радикално рационален

Поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд, смета дека рускиот претседател Владимир Путин не е луд, туку радикално рационален лидер, кој е...

Економија3 часа

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Наместо поддршка на Ахмети и Груби, Тупанчески да воспостави европски вредности

„Ако министерот за правда и мој колега од Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’, редовен професор, е мотивирачки да сме во...

Македонија5 часа

Тупанчески не негира дека ќе го сменат: Беше лиферувано дека Министерството ќе биде ставено на берза

Министерот за правда, Никола Тупанчески, не е загрижен доколку го сменат од функцијата, ниту негира дека тоа ќе се случи...

Европа5 часа

Кремљ: Помошта од САД за Киев директен пат кон зголемена тензија и ескалација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за разговори меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател, Џозеф...

Македонија7 часа

ВМРО-НП бара власта да докаже дали Ванчо Михајлов е соработник на фашизмот

„Во поглед на сè почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб ‘Ванчо Михајлов’ поради...

Регион8 часа

Авион принудно слета во Белград, патник починал за време на летот

Едно лице починало кога му се слошило во авион, кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, соопшти утрово итната помош....

Македонија8 часа

Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграција на Македонија во ЕУ клучен сегмент за стабилноста во Балканскиот Регион

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон,...

Македонија9 часа

СДСМ: Парламентарното мнозинство на СДСМ се зголемува, чекор напред за поддршка на членството во ЕУ

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ....

Свет9 часа

Заврши паниката во Австралија: пронајдена радиоактивната капсула од 8 милиметри по која се трагаше со денови

Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, што исчезна минатата недела, а бидејќи е многу мала, се вели дека...

Свет9 часа

Непозната жена се обидела со автомобил да влезе во седиштето на ОН

Жена се обидела денеска со автомобил да влезе во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кое е затворено поради празникот....

Свет9 часа

Бајден испраќа во Украина моќни ракети, но не се тие што ги бараше Зеленски

САД подготвуваат пакет воена помош од 2 милијарди долари за Украина, вклучително и ракети со долг дострел, објави „Ројтерс“, повикувајќи...

Македонија19 часа

ИО на СДСМ донесе одлука да продолжат разговорите за зголемување на мнозинството со Алијанса

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вечерва одржа прес-конференција на која кажа дека Извршниот одбор на партијата на денешната седница покрај...

Свет22 часа

Русија призна дека нелегално мобилизирала над 9.000 луѓе

Русија призна дека од есента неоправдано регрутирала неколку илјади луѓе за војната против Украина. „ Повеќе од 9.000 граѓани кои...

Свет23 часа

Лукашенко: Ако на нашите руски браќа им затреба помош, ние сме подготвени

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е „веќе подготвена“ да и понуди поголема помош на Русија во...

Економија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со зголеменото производство на електрична енергија до намалување на цената на струјата

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата,...

Регион1 ден

„Еуроњуз“: САД го блокираа влезот на Косово во Советот на Европа

Министерствата за надворешни работи на одредени европски земји, кои се членки на Советот на Европа, добија нота од амбасадите на...

Македонија1 ден

ИНТЕГРА алармира – се инфилтрира моќна странска служба која работи на спречување на евро-атлантската траекторија на Македонија

„Случајот со претепаниот Христијан Пендиков е само вовед во провокациите што ќе следуваат како што се доближуваат 4 февруари и...