Спорт
Шевченко го објави списокот на Украина за ЕУРО 2020
Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, го објави спискот на фудбалери кои ќе настапат на Европското првенство. Од спискот отпаднаа двајца важни играчи, Виктор Коваленко и Евген Конопјанка.
Украина ќе биде еден од противниците на Македонија во Ц-групата. Дуелот на двете репрезентации е закажан за 17.јуни во Букурешт.
Први ѕвезди во тимот на Шевченко, се Александар Зинченко од Манчестер сити, Андреј Јармоленко од Вест Хем и Руслан Малиновски од Аталанта.
Украина на ЕУРО 2020:
Голмани: Георгиј Бушан (Динамо Киев), Андреј Пјатов (Шахтјор), Анаталиј Трубин (Шахтјор)
Одбрана: Едуард Собол (Бриж), Иља Забарњи, Виталиј Миколенко, Александар Караваев, Александар Тјимчик, Денис Попов (сите од Динамо Киев), Сергеј Кривцов, Николај Матвијенко (двајцата од Шахтјор)
Среден ред: Георги Судаков, Тарас Степаненко, Марлос (сите од Шахтјор), Сергеј Сидорчук, Николај Шапаренко, Виктор Циганков (сите од Динамо Киев), Андреј Јармоленко (Вест Хем), Руслан Малиновски (Аталанта), Евгениј Макаренко (Кортријк), Александар Зинченко (Манчестер сити), Роман Безус (Гент), Александар Зубков (Ференцварош)
Напад: Роман Јаремчук (Гент), Артем Беседин (Динамо Киев), Артем Довбик (Дњепар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ривер заработи 30 милиони евра од трансферот на Фернадез

Трансферот на Енцо Фернандез во Челзи не ја израдува само Бенфика, туку и Ривер Плата. Челси го собори англискиот рекорд со трансферот од 121 милион евра за играчот од средниот ред од Аргентина.
Бенфика ја направи зделката на векот бидејќи пред седум месеци, за трансферот на Фернадез, без бонуси, издвои само 10 милиони евра.
Сепак, трансферот вклучуваше клаузула од 25 проценти од следната продажба на 22. годишниот играч за врска.
Така Ривер без учество во тој трансфер заработи уште 30 милиони евра од преселбата на Фернандез во Лондон, а вкупно на негово име заработи 40 милиони.
Што се однесува до Бенфика, од 121 милион, на португалскиот гигант му останаа уште 91, а сметајќи ги вложените пари за доаѓањето на Фернандез од Буенос Аирес, тие остварија нето добивка од 81 милион евра.
Фернандез постигна четири гола и забележа шест асистенции за Бенфика оваа сезона, но блесна на Светското првенство каде беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.
Спорт
Ѓоковиќ го обвинуваа дека ја лажирал повредата – шефот на Австралија опен ги откри медицинските наоди

Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен. Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ во Мелбурн допатува со сериозна повреда, со која се здоби во полуфиналето против Данил Медведев, на турнирот во Аделаида.
Повредата му правеше проблеми во првите три кола. Повредата како да исчезна кога Ѓоковиќ во лекарскиот тим ја ангажираше докторката Маријана Ковачевиќ.
Поради тоа се ојавија сомнежи дека ја лажирал повредата, па Ѓоковиќ изјавил дека е особено навреден поради тоа и дека ќе ја покаже снимката која ја потврдува неговата приказна.
На страната на Ѓоковиќ застана директорот на Австралија опен, Крег Тајли, кој за медиумите објасни дека Ѓоковиќ има пукнатина од три сантиметри во задната ложа:
„Многу предизвици се околу Новак бидејќи добива лоша репутација. Но, на крајот, мислам дека никој не може да го доведе во прашање неговиот атлетизам“, рече Тајли.
„Имаше пукнатина од три сантиметри. Апсолутно, ја видов снимката, лекарите ќе ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации за тоа дали е вистина или не. Тешко е да се поверува дека некој може да го направи ова со таква повреда Тој е неверојатен, се справи со тоа исклучително професионално. Тој е толку фокусиран на она што го прави. Секоја минута од секој ден. Што јаде, пие, што прави и како го прави тоа. Без дефекти, ниту ментално, ниту во било што што прави. Помина низ многу нешта за да ја освои 10. титула на Австралија Опен и мислам дека тоа никогаш нема да се повтори“, заклучи тој.
Спорт
Конте заврши на операција

Тотенхем на неодреден период остана без менаџерот Антонио Конте. Италијанецот претпалднево бил хоспитализиран. Клубот објави дека лекарите препорачале операција на жолчката.
Тотенхем не објави колку време Конте ќе биде на боледување.
Тотенхем моментално е петти на табелата во Премиер лигата, во следното коло за четири дена ќе го пречека Манчестер сити. Се очекува Рајан Мејсон или Кристијан Стелини да го преземат тимот додека Конте биде отсутен.