Контакт

Спорт

Лекип: Петмина од Баерн во тимот на годината

Објавено пред

Еден од водечките медиуми во светот на спортот, Лекип, го обајви идеалниот тим за годината која измина. Во тимот на Лекип, најмногу играчи доаѓаат од Баерн.

Преставници на Баерн во тимот на годината се голманот Мануел Нојер, левиот бек Алфонсо Дејвис, играчите од редот за врска Џошуа Кимих и Тиаго Алкантара (во меѓувреме се пресели во Ливерпул) и најдобриот играч во светот за 2020 година, Роберт Левандовски.

Двајца фудбалери во овој тим се играчи на Ливерпул (Вирџил Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд), а по еден свој претставник имаат Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер сити и ПСЖ.

Тимот на годината според Лекип:

Голман: Мануел Ноер

Одбрана: Александер-Арнолд (Ливерпул), Серхио рамос (Реал), Ван Дајк (Ливерпул), Дејвис (Баерн)

Ред за врска: Кимих (Баерн), Алкантара (Баерн/Ливерпул), Кевин Де Брујне (Манчестер сити)

Напад: Нејмар (ПСЖ), Кристијано Роналдо (Јувентус), Левандовски (Баерн).

Спорт

Во Милан издржа седум меча, во Торино 18 – „Биковите“ го отпуштија Џампаоло

Објавено пред

Торино потврдија дека го отпуштија тренерот Марко Џампаоло по катастрофалниот старт на сезоната за „биковите“ со само 2 победи во 18 меча, и негова замена најверојатно ќе биде Давиде Никола.

Одлуката била направена по саботното очајно 0:0 реми со Специја, тим кој над 80 минути играше со 10 играчи. Под Џампаоло, Торино имаше 2 победи, 7 нерешени мечеви и 9 порази, постигнувајќи 26 гола и примајќи дури 35. Тие исто така испаднаа и од осминафиналето на Копа Италија, губејќи од Милан на пенали.

Џампаоло на претходното работно место траеше уште помалку – Милан го отпуштија по само седум меча во 2019/20, во кои загуби четири пати и го именуваа Стефано Пиоли, кој оваа сезона засега ги држи на првото место.

Прикажи повеќе...

Спорт

Обамејанг се „поправи“, Арсенал лесно со Њукасл!

Објавено пред

Пјер-Емерик Обамејанг во првото полувреме го имаше можеби своето најголемо промашување на празен гол во кариерата, но одговори со два гола во вторите 45 минути за да ги предводи Арсенал до 3:0 победа над Њукасл, четврт триумф во последните пет премиерлигашки дуели на тимот на Микел Артета.

На стартот на мечот, Обамејанг, успеа да промаши буквално празен гол од одлична ситуација, разочарувајќи ги навивачите на Арсенал, но по полувремето се врати освежен на теренот и капитенски во 50-тата минута го донесе очекуваното водство на домаќините.

Младиот Букајо Сака ја продолжи одличната сезона со гол во 60-тата минута, а Обамејанг во 77. минута стави точка на натпреварот со својот втор гол. Арсенал сега е на 10. место со 27 поени, но само на седум поени од топ 4 пласман, додека Њукасл се 15. со 19 поени.



Кога не оди, не оди! Обамејанг промаши (буквално) празен гол

Прикажи повеќе...

Спорт

Златан-шоу на Сардинија – два гола, неверојатна атракција и Милан на +3

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ има 39 години. Тоа е факт што никако не ни оди во глава, откако шведскиот ветеран го одигра својот прв цел меч по повредата и беше првата ѕвезда на Милан при 2:0 победата на гостувањето кај Каљари, покажувајќи колку е бесценет за тимот на Стефано Пиоли во неочекуваната битка за скудетото.

Ибрахимовиќ уште во седмата минута го направи своето, откако беше фаулиран во шестнаесетникот на домаќините, и сигурно го реализираше пеналот. Дека е расположен за игра, покажа во 16-тата минута, кога ја имаше следната неверојатна асистенција, како што само тој умее.

Ако тоа не беше доволно, во 51. минута, тој ја наттрча одбраната на противникот (да потсетиме – 39 години), и постигна уште еден убав гол за да го осигура триумфот на Милан, кој со победата повторно е на +3 од градскиот ривал Интер по 17 кола во италијанската Серија А. Каљари, пак, има лоша серија од пет порази во низа и е на 17. место со 14 поени, само еден поен од зоната за испаѓање.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет12 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт13 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија13 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет14 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија16 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет16 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија17 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ18 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија19 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија19 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа19 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет20 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион20 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет21 час

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет21 час

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет21 час

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет1 ден

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ1 ден

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет1 ден

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Досие