Спорт
Ленс го доби дербито против Марсеј, сега се втори во Лига 1
Олимпик Марсеј со 2:1 на гостувањето кај Ленс во 34. коло од францускиот шампионат. Ова беше дерби на викендот во Лига 1 со оглед на тоа што Марсеј влезе во натпреварот од второто, аЛенс од третото место. Со оваа победа, Ленс скокна на второто место на табелата во Лига 1.
Секо Фофана го доведе Ленс во водство во 42. минута, кога фантастично погоди од 20 метри. Лоис Опенда го удвои водството во 60. минута. Напаѓачот на Ленс одлично реагираше и со глава ја упати топката во мрежата по центаршутот на Пшемислав Франковски од десната страна.
Конечниот резултат го постави Димитри Паје во 88. минута. Матео Гуендузи освои многу простор, ја додаде топката во просторот за Валентино Ронгје, кој со додавање во средината го пронајде Паје, кој погоди за намалување на негативата. Сепак, тимот на Игор Тудор не успеа да направи повеќе од тоа.
Двата тима до крајот на сезоната ќе одиграат по четири натпревари, што значи дека можат да освојат уште 12 бода, а Ленс сега има два повеќе од Марсеј. Првите два тима од Лига 1 одат директно во Лигата на шампионите, а третопласиранот ќе игра квалификации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

