Спорт
Лига на нации: Халанд со шоу против Романија, Англичаните ја соборија Белгија

Норвешка стигна до импресивна 4:0 победа над Романија во меч од Лигата на нации, во која блесна Ерлинг Халанд со хет-трик во Лига Б, Англија со 2:1 ја победи Белгија во дербито во Лига А, Хрватска со 2:1 во финишот ја совлада Шведска, додека БиХ и Холандија одиграа 0:0.
Халанд во 13. минута го постигна првиот гол по одличната асистенција на Едегард, а во 39. минута „викинзите“ зголемија на 2:0 со голот на Александер Солрот. Ѕвездата на Борусија Дортмунд во второто полувреме го комплетираше хет-трикот со голови во 64. и 74. минута.
Англија на „Вембли“, губеше од 16-тата минута со голот на Ромелу Лукаку од пенал, но Маркус Рашфорд исто така врати од белата точка во првото полувреме. Трите поени за „трите лава“ ги освои Мејсон Маунт со одличен гол во второто поувреме.
Хрватите се вратија на победите на „Максимир“, откако со 2:1 ја совладаа Шведска. Никола Влашиќ постигна убав гол за 1:0, но во второто полувреме Швеѓаните се вратија преку Берг во 66. минута, пред во 84. минута Крамариќ по асистенција на Перишиќ да ги постави конечните 2:1.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 1
Босна и Херцеговина – Холандија 0:0
Табела: 1.Италија 4, 2.Холандија 4, 3.Полска 3, 4.БиХ 2
ЛИГА А, ГРУПА 2
Англија – Белгија 2:1
Табела: 1.Англија 7, 2.Белгија 6, 3.Данска 1, 4.Исланд 0
ЛИГА А, ГРУПА 3
Хрватска – Шведска 2:1
Табела: 1.Португалија 6, 2.Франција 6, 3.Хрватска 3, 4.Шведска 0
ЛИГА Б, ГРУПА 1
Норвешка – Романија 4:0
Табела: 1.Норвешка 6, 2.Романија 4, 3.Австрија 3, 4.С.Ирска 1
ЛИГА Б, ГРУПА 4
Ирска – Велс 0:0
Финска – Бугарија 2:0
Табела: 1.Велс 7, 2.Финска 6, 3.Ирска 2, 4.Бугарија 1
АНГЛИЈА – БЕЛГИЈА
НОРВЕШКА – РОМАНИЈА
ХРВАТСКА – ШВЕДСКА
БИХ – ХОЛАНДИЈА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.