Спорт
Лигата на шампионите се враќа каква што не сме виделе досега
Лигата на шампионите се враќа вечерва, но на начин каков што досега не сме виделе и во формат што би можел да стане редовен. Поради коронавирусот, УЕФА одлучи да го реши прашањето на европскиот шампион со фајналејт-турнир во Португалија и интересно, само две од осумте екипи ја имаат освоено елитната титула досега.
Пред шест години финалето се одржа во Лисабон кога навивачите на Атлетико и на Реал Мадрид ја преплавија португалската престолнина, но сега ситуацијата не може да биде поинаква – осумте клуба беа пречекани во тишина, без своите верни навивачи.
Фудбалерите, со маски и ракавици, стигнуваа на аеродромите во групи и ќе останат во мали групи исклучени од надворешниот свет додека не дојдат нивните мечеви. Секој клуб има сопствен хотел (сите во 40 километри од центарот на градот) и сопствени тренинг-центри.
Четврт-финалињата, полуфиналињата и финалето ќе се играат на двата супер стадиони во градот, „Естадио да Луж“ и „Естадио Жозе Алваладе“, секако без публика.
Програмата почнува вечерва со дуелот на Пари-Сен Жермен, клуб што потроши огромни пари за да се оствари целта, трофеј од ЛШ и Аталанта, дебитант во натпреварувањето, кој ги освои срцата на навивачите доаѓајќи од Бергамо, град што беше меѓу најпогодените од коронавирусот во Италија. ПСЖ е несомнено голем фаворит, но во фудбалот парите не купуваат сè.
В четврток, пак, ќе се судрат РБ Лајпциг, уште еден проект на милијардери, клуб што во Германија е презиран поради тоа, и Атлетико Мадрид, кои сонуваат за трофејот додека беа исплашени од двата позитивни случаја на коронавирус пред патувањето во Португалија.
Во петок, без сомнеж, доаѓа најатрактивниот меч, дуелот на гигантите Барселона и Баерн Минхен, два клуба од друштвото кои веќе биле европски шампиони. Многумина сметаат дека кој ќе победи тука, ќе биде фаворит за титулата.
Последното четврт-финале е помеѓу Манчестер сити, во нов обид на Пеп Гвардиола да го освои елитниот европски трофеј, и Лион, кој успеа да го елиминираат Јувентус и да направи потрес во Торино.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Аталанта – Пари-Сен Жермен, 12 август
РБ Лајпциг – Атлетико Мадрид, 13 август
Барселона – Баерн Минхен, 14 август
Манчестер сити – Лион, 15 август
ПОЛУФИНАЛЕ
18 и 19 август
ФИНАЛЕ
23 август
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Борусија е во финалето на ЛШ – Хумелс го замолкна Париз
Фудбалерите на Борусија Дортмуд први изборија пласман во финалето на Лаигата на шампиони. „Милионерите“ и во реваншот го совладаа ПСЖ со 1:0. Стрелец на единствениот гол во Париз беше Матс Хумелс во 50.минута. Борусија по пауза ид 11 години е се бори за европската круна. Противник во финалето на „Вембли“ ќе и биде подобриот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
ПСЖ имаше повеќе од играта, напаѓаше во првото полувреме, а во офанзива тргнаа во вториот дел, но Килијан Мбапе и соиграчите немаа доволно спортска среќа. Дури четири пати во второто полувреме ја погодија рамката од голот – двапати стативата и исто толку гредата.
И во првиот натпревар Французите двапати ја погодија стативата (Мбапе и Хакими), но ќе остане запишано дека во 180 минути не успеаја ниту еднаш да го совладаат голманот на Борусија, Кобел.
Стрелец на единствениот гол беше ветеранот Матс Хумелс во 50. минута. Јулијан Бранд одлично изведе корнер, а искусниот дефанзивец со глава го совлада Џиџи Донарума.
Спорт
Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин
Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.
Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.
Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.
Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.
На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).