Спорт
Лион итно мора да најде 130 милиони евра, во спротивно го чека жестока казна
Францускиот гигант Лион треба итно да заработи 130 милиони евра ова лето, објави Радио Монте Карло, во спротивно му се заканува црно сценарио поради непочитување на финансискиот фер-плеј.
Лопите резултати се причината поради која Лион се најде во ваква ситуација. На почетокот на сезоната Лион го планираше својот буџет со вклучена заработка од пласманот во Лигата на шампионите преку првенството, а сега е јасно дека тоа нема да се случи.
Лион веројатно нема да избори место во европските купови. Новиот газда Џон Текстор, кој го презеде клубот од Жан Мишел Ола, има многу тешка задача пред себе. Тој летово ќе мора да ги подмири 130. милиони евра што му недостигаат на Лион, а доколку не успее, го чека серија казни од кои најтешка е можно исфрлање од лигата.
Постојат два начини на кои Лион може да ги врати споменатите пари. Една од нив е тоа да се направи со продажба на неколку играчи, пред се Рајан Черки (19), Кастело Лукеба (20) и Бредли Баркола (20). За овие талентирани играчи постои голем интерес.
Вториот, поверојатен, е продажбата на дел од сопственоста на мегауспешната женска екипа на Лион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувеентус потона на Сардинија
Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1:0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула.
Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа беше совршена акција со два потега на домашниот тим.
Голот за триумф на Каљари можете да го погледнете Овде.
Гостите, пропуштија неколку шанси, Јилдиз ја погоди стативата во самиот финиш, но резултатот остана 1:0.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чудо во Хернинг: Раул Гонзалес со Србија ја победи Германија
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола.
Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот на полувремето Германците успеаја да дојдат до голема предност.
Вториот дел, може да се каже дека е мастерклас на селекторот Гонзалес. Србите ги натераа Германците на период од шест минути без постигнат гол, поведоа со гол разлика, Германците одговорија со серија 4:1.
Вистинска драма се случуваше во финишот, а особено неверојатен беше моментот кога германскиот селектор побара тајм-аут, во моментот кога Кнор постигна гол, при водство на Србија 27:26.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 17, 2026
Тој момент како да ги поремети Германците, Зербе промаши и седмерец, а потоа Србија мирно го заклучи натпреварот.
Којадиновиќ и Воркапиќ беа најефикасни со по шест гола, заедно со Пешмалбек (5), Додиќ (4) и Вања Илиќ (3). Се истакна и Милосављев, кој го заврши натпреварот со 12 интервенции. На другата страна, одлични беа Шлуров и Ушчинс (по 6 гола), како и Кнор (5) и Зербе (4).
Во последното коло, во оваа А група, Србија ќе игра против Австрија, а Германија ќе се соочи со Шпанија.
Спорт
Флик разочаран, голем талент ја напушта Барселона
Педро „Дро“ Фернандез, 18-годишниот талент на Барселона, наскоро ќе го напушти клубот, откако ќе биде активирана откупната клаузула во износ од шест милиони евра.
Тинејџерот, кој има понуди од неколку водечки европски клубови, го информирал тренерот Ханси Флик за својата одлука, што предизвика силна реакција од германскиот стручњак, пишува „Спорт“.
Според овој извор, Флик не ја примил добро веста. Тренерот наводно бил особено вознемирен бидејќи губи играч кого го смета за клучен за иднината на клубот, кој потекнува од Ла Масија и веќе има неколку настапи под негово водство.
Со оглед на тоа што заминувањето на Фернандез се очекува во рок од неколку дена, Флик одлучил дека играчот повеќе нема да тренира со првиот тим.
Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат евентуални повреди, но и поради ставот дека играчот повеќе не е целосно фокусиран на работата со тимот. Реакцијата на Флик е разбирлива со оглед на довербата што ја покажа во 18-годишникот.
Тренерот го сметаше Фернандез за еден од играчите на кои им обрнуваше посебно внимание, а веста за неговото заминување длабоко го погоди. Неговото разочарување беше толку големо што наводно им кажал на луѓето од неговиот близок круг дека годоживеал „најголемото разочарување во својот живот“.
Инаку „Спорт“, тврди дека Дро кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски првак, ПСЖ.

