Спорт
„Лисиците“ го туркаат Њукасл кон Чемпионшип
Нов, овојпат убедлив пораз, за тимот на Њукасл во англиската Премиерлига. Лестер Сити со 4-0 ги порази „чавките“ во рамки на 16. коло во Премиерлигата.
Во 38 минута Тилеманс од пенал првпат ја затресе гостнската мрежа.
Во вториот дел, на 2-0 зголеми Дака во 57 минута, а повторно Тилеманс, овојпат од игра погоди во 81 минута.
Точка на мечот стави Медисон во 85 минута.
„Лисиците“ се трудат да се пробијат на табелата, а Њукасл остануваат заковани на дното, на претпоследната позиција со само 10 освоени бодови колку што има и „фенерџијата“ Норич.
Во попладневниот недел термин, Барнли и Вест Хем одиграа мирољубиво, без погодоци, 0-0, а мечот Брајтон – Тотенхем е одложен поради тоа што лондонскиот клуб има многу фудбалери заразени со Ковид 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
(Видео) Атлетико против Еспањол ја прекина лошата низа во првенството
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол.
Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја презеде иницијативата, силно притисна и изедначи преку Серлот во 21-та минута.
Пресвртот, Атлетико го комплетираше во 49-та минута со голот на Џулијано Симеоне. Девет минути подцна, Адемола Лукман, на асистенција на поранешниот соиграч од Аталанта, Руџери го постигна третиот гол.
Александар Серлот, им ја одзеде надежта на гостите дека можат да избегнат пораз со втроиот гол во 72-рата минута.
Норвежанецот можеше да постигне хет-трик, но во акција која „мирисаше“ на уште еден негов гол, ја погоди стативата.
До крајот на мечот, Еспањол, преку Еду Еспозито постигна уште еден гол.
Атлетико се трети на табелата, заедно со Виљареал има 48 поени, Еспањол остана на шестото место со 35 поени, но екипата од Барселона на последните пет натпрвари освои само еден бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) О’Рајли го врати Манчестер Сити во шампионската трка
Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал против Вулверхемптон и со победата над Њукасл (2:1) се доближи на два бода од лидерот.
Нико О’Рајли беше херој на победата за тимот на Пеп Гвардиола. Тој постигна два гола, во 16-та у 27-та минута и беше блиску до хет-трик во првото полувреме. Луис Хол во 22-та минута беше стрелец за Њукасл.
Сити освои три бода иако најдобриот стрелец Ерлинг Холанд не успеа да постигне гол.
По канонадата во Баку, Њукасл покажа заби на „Етихад“, но тоа не беше доволно ниту за бод. Во последните моменти од првото полувреме, голот на Брн беше поништен за 2:2 поради офсајд.
Foto/ EPA

