Спорт
Листата на „442“ поради која збесна Тибо Куртоа
Реал Мадрид, во саботата, го победи Ливерпул (1:0) и ја освој 14.титула во Купот/Лигата на шампионите. Апсолутен херој на натпреварот беше голманот, Тибо Куртоа. Белгиецот ги запре сите обиди на Мохамед Салах и неговите соиграчи, натпреварот го заврши со девет одбрани.
Куртоа одигра една неверојатна сезона, само во Лигата на шампионите имаше речиси ист број на одбрани, колку што имаше во целата сезона во Премиер лигата, Едерсон од Манчестер сити.
Сепак неговото влијание во резултатите на Реал беше сериозно потценет во јавноста, поради што по завршувањето на финалето во Париз и одржа лекција на некои новинари.
„За мојата кариера беше важно да ја освојам Лигата на шампионите, мислам дека не ме почитуваат доволно. Особено во Англија. Видов многу критики дека не сум доволно добар…“, изјави Тибо Куртоа, „БТ Спорт“.
Причината поради која Куртоа збесна, а за која зборуваше и на прес-конференцијата пред натпреварот е списокот што го објави познатиот фудбалски весник „442“ од Англија.
Тие во март објавија листа на најдобри светски голмани, а верувале или не – Куртоа не се најде ниту меѓу првите десет.
На прво место на таа листа е Едуард Менди од Челзи, потоа следуваат Де Хеа (Јунајтед), Нојер (Баерн), Едерсон (Сити), Алисон (Ливерпул), Рамсдејл (Арсенал), Хозе Са (Волци), Симон (Билбао), Боно (Севиља) и Облак (Атлетик Мадрид).
Забележливо е дека доминираат голмани од Премиер лигата, па дури и голманот на Вулверхемптон е пред Куртоа. Интересно наа списокот нема голман од Италија.
Куртоа оваа сезона прими 46 гола на 51 натпревар, на 22 натпревари не прими гол.
Okay yeah I see why Courtois was pissed pic.twitter.com/iEEi4DugWZ
— Michael Hincks (@MichaelHincks) May 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

