Спорт
Ливерпул ќе играат пријателска еден ден по првото коло во ПЛ, Клоп се жали на распоредот
Ливерпул ќе играат пријателски меч еден ден по првото коло во Премиерлигата против Фулам следниот викенд, а во исто време нивниот менаџер Јирген Клоп се пожали на распоредот на сезоната која уште не е завршена.
„Црвените“ играаа со Манчестер јунајтет, Кристал палас, РБ Лајпциг и Ред бул Салцбург во текот на претсезоната, а утре ќе се судрат со шампионите Манчестер сити во Комјунити шилд натпреварот во Лестер. Веќе в недела, на „Енфилд“ тие ќе играт пријателска со Стразбур, пред на 6 август да ја почнат лигашката сезона на гости кај Фулам. Клоп открива дека следниот ден ќе играат уште еден пријателски меч (против засега непознат противник), з фудбалерите да бидат подготвени за раниот старт на сезоната поради Светското првенство во Катар.
„Утрешниот меч е важен, но мораме да се подготвиме за сезоната и тоа не може да го игнорираме. Можевме да најдеме друг термин. Можеби бидејќи имавме подолга сезона од другите тимови и сега имаме кратка претсезона, така што нема многу смисла. Игравме против Салцбург, загубивме, трениравме двапати дневно, така што е интензивно. Не можеме да си дозволиме да игнорираме дека пред нас следи сезона“, вели Клоп.
New season, same gripes! ????
Jurgen Klopp thinks alternatives should be considered for sides contesting the Community Shield…#BBCFootball
— BBC Sport (@BBCSport) July 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лапорта не жали што Меси ја напушти Барселона
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ја коментираше за ненадејната посета на Лео Меси на „Камп Ноу“ минатата недела. Во разговор за „Радио Каталуња“, Лапорта призна дека не знаел за намерите на Меси, но повтори дека не жали за заминувањето на Аргентинецот од клубот во 2021 година.
Лапорта го опиша доаѓањето на Меси како спонтан чин на посветеност кон клубот.
„Добро го примив. Тоа беше спонтан чин на неговата љубов кон Барселона. Не знаев, но тоа е негова куќа. Беше со своите пријатели, шеташе, само вечераше и спонтано застана“, објасни претседателот, додавајќи дека има добар однос со Меси.
„Тој игра за Интер од Мајами. Знае дека е сакан и ценет за тоа кој е и дека секогаш ќе биде добредојден. Праведно ќе биде да ја добие најголемата почит во светот. Би било прекрасно да се одржи тука, пред 105.000 навивачи.“
Кога беше прашан за заминувањето на аргентинската ѕвезда, Лапорта остана цврст на својот став. „Не жалам. Барса е над сè. Не можеше да биде поинаку“, рече тој.
Меси одигра 778 натпревари за Барселона, постигна 672 гола и асистираше за уште 303.
Спорт
(Видео) Роналдо потврди: СП 2026 ќе ми биде последно
Португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе биде неговиот последен настап на големата сцена, во националниот дрес.
Во интервју за „Си-Ен-ЕН“ за време на самитот во Ријад, капитенот на португалската репрезентација изјави дека на 41-годишна возраст е вистински момент да се збогува.
„Уживам во моментот, но кога велам наскоро – мислам навистина наскоро. Му дадов сè на фудбалот. Во играта сум 25 години, постигнав многу, имам бројни рекорди во клубовите и во репрезентацијата. Горд сум на сè што направив, а сега само сакам да уживам во овие моменти“, рече Роналдо.
Постигна 143 гола за Португалија, исто така тој е првиот играч што постигнал гол на пет различни Светски првенства.
Следното Светско првенство ќе биде најголемо во историјата, со 48 национални селекции, и ќе започне на 11 јуни 2026 година во САД, Мексико и Канада. Ждрепката е закажана за 5 декември во Вашингтон.
Оваа година, Роналдо испиша историја и надвор од теренот – според Блумберг, тој стана првиот фудбалер милијардер, откако го продолжи договорот со Ал Наср од Саудиска Арабија.
Зборувајќи за иднината, Роналдо нагласи дека негова најголема желба е неговиот син Кристијано Јуниор, член на португалската репрезентација под 16 години, да ги надмине неговите успеси.
„Луѓето обично не сакаат некој да биде подобар од нив, но јас навистина сакам мојот син да биде подобар од мене. Никогаш нема да бидам љубоморен, верувајте ми“, рече Роналдо.
Спорт
Официјално: САД против Светот на НБА Ол-стар натпреварот
Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната асоцијација на играчи во НБА (НБПА) го објавија форматот на натпреварот САД – Свет за НБА Ол-стар натпреварот во 2026 година.
Натпреварот ќе се игра од 23:00 часот по источно време во недела, на 15 февруари 2026 година, во арената „Интуит Доум“ на Лос Анџелес Клиперс во Инглвуд.
На НБА Ол-стар натпреварот во 2026 година ќе учествуваат два тима составени од играчи од Соединетите Американски Држави и еден тим од интернационалци, познат како тим Свет.
Се очекува интернационалците да бидат предводени од Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Виктор Вембанјама, Алперен Шенгун и секако MВП-то на лигата Шеј Гилџис-Александер.
Тимовите ќе бидат составени од најмалку осум играчи, а четири натпревари од по 12 минути ќе се играат според системот „секој со секого“.
-Тимот А игра против тимот Б во првиот натпревар.
-Победникот од тој натпревар игра против Тимот Ц во вториот натпревар.
-Поразениот од првиот натпревар потоа игра против Тимот Ц во третиот натпревар.
-По третиот натпревар, двата најдобри тима според перформансите ќе се пласираат во финалниот натпревар (четврт по ред).
-Доколку сите три тима се изедначени (имаат по победа и пораз), финалистот ќе биде одлучен според кош-разликата во првите два натпревари на секој тим.
Како и во претходните години, 24-те НБА Ол-стар (12 од секоја конференција) ќе бидат избрани на следниов начин:
-Петте играчи кои ќе бидат именувани за стартери од секоја конференција ќе бидат избрани со гласови од навивачите (50%), играчите (25%) и новинарите (25%).
-Седум резервни играчи од секоја конференција ќе бидат избрани од главните тренери на НБА тимовите.
Оваа година, Ол-стар играчите ќе бидат избрани без оглед на позицијата – процесот според кој играчите ќе бидат доделени на двата тима на САД ќе биде одреден подоцна.
Доколку гласањето за Ол-стар не резултира со избор на 16 американски играчи и осум интернационалци (кои може да вклучуваат и американски играчи со врски со други земји доколку е потребно), комесарот на НБА, Адам Силвер, ќе избере дополнителни Ол-стар играчи за да се достигне минималниот број.
Во тој случај, барем еден тим може да има повеќе од осум играчи.

