Спорт
ЛШ: Динамо направи подвиг во Полска, Лудогорец го исфрли Олимпијакос
Динамо Загреб стигна до минимална, но клучна 1:0 победа на гостувањето кај Легија Варшава за да се квалификува во баражот за влез во Лигата на шампиони, каде што ќе се судри со молдавскиот Шериф Тираспол, откако тие успеаја да ја елиминираат Црвена звезда и да спречат пресметка на двата екс-ју гиганти.
Човек на одлука беше Бартол Фрањиќ, кој уште во 20. минута ги донесе „модрите“ во водство, кое беше доволно за пласман, откако во Загреб беше 1:1. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше стартер на мечот, додека Аријан Адеми, не се опорави доволно од повредата и остана на клупата.
Најдраматично беше во Разград, каде што бугарскиот шампион Лудогорец во луд меч на пенали го елиминираше фаворизираниот Олимпијакос. Откако првиот меч во Грција заврши 1:1, и во Бугарија беше нерешено (2:2), а бидејќи веќе не важи правилото гол-на-гости, се играа продолженија. Во пенал-серијата, Коку и Валбуена утнаа пенал за Олимпијакос за 4:1 победа и дуел со Малме, кој го елиминираше Глазгов Ренџерс.
Фаворитите ПСВ Ајндховен, Шахтјор, Бенфика и Монако запишаа по втори победи за лесен пласман во клучниот бараж.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, РЕВАНШИ
Шахтјор Доњецк (Укр) – Генк (Бел) 2:1, прв меч 2:1, вкупно 4:2
Лудогорец (Буг) – Олимпијакос (Грц) 2:2, прв меч 1:1, вкупно 3:3, 4:1 на пенали
Митјиланд (Дан) – ПСВ Ајндховен (Хол) 0:1, прв меч 0:3, вкупно 0:4
Монако (Фра) – Спарта Прага (Чеш) 3:1, , прв меч 2:0, вкупно 5:1
Јанг Бојс (Шва) – ЦФР Клуж (Ром) 3:1, прв меч 1:1, вкупно 4:2
Бенфика (Пор) – Спартак Москва (Рус) 2:0, прв меч 2:0, вкупно 4:0
Легија Варшава (Пол) – Динамо Загреб (Хрв) 0:1, прв меч 1:1, вкупно 1:2
Ренџерс (Шко) – Малме (Шве) 1:2 , прв меч 1:2, вкупно 2:4
БАРАЖ ЗА ВЛЕЗ ВО ЛШ
Ред Бул Салцбург (Авт) – Брондби (Дан)
Монако (Фра) – Шахтјор Доњецк (Укр)
ПСВ Ајндховен (Хол) – Бенфика (Пор)
Јанг Бојс (Шва) – Ференцварош (Унг)
Малме (Шве) – Лудогорец (Грц)
Шериф Тираспол (Мол) – Динамо Загреб (Хрв)
ЛЕГИЈА – ДИНАМО (З)
ЛУДОГОРЕЦ – ОЛИМПИЈАКОС
МОНАКО – СПАРТА (П)
БЕНФИКА – СПАРТАК (М)
МИТЈИЛАНД – ПСВ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тим потврди дека ја завршува кариерата
Австрискиот тенисер Доминик Тим потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.
Победникот на Ju-es open во 2020 година најверојатно кариерата ќе ја заврши во Виена, на турнирот што ќе се одржи од 21 до 27 октомври.
„Можам да потврдам дека оваа сезона ќе ми биде последна во кариерата. Од повеќе причини ја донесов оваа одлука. Мојот зглоб не е добар, не е во состојба каква што сакам да биде, втората причина е мото внатрешно чувство. Долго време размислував за ова, за целиот мое патување во тенисот кое беше неверојатно. Бев успешен и освојував трофеи.“
Тим е далеку од светскиот врв веќе три и пол години, а се започна веднаш по освојувањето на првиот и единствен Грен слем.
Почнаа проблемите со мотивацијата и психата, а заедно со тоа дојдоа и повредите, пред се на зглобот.
Никогаш не успеа да се врати на претходното ниво, а моментално се наоѓа на само 117. место на АТП листата.
OFFICIAL: Dominic Thiem announces his retirement at the end of the season.
Very emotional video.
"I'm gonna finish my career at the end of this season (…) My wrist is not at the way it should be and how I want it. I was thinking about this decision for a very long time" pic.twitter.com/qAyuNkOm9A
— José Morgado (@josemorgado) May 10, 2024
Спорт
Роналдо го поврзуваат со трансфер во европската сензација
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да се врати во Европа, пренесуваат саудиските медиуми.
Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, во Ал Наср на почетокот на 2023 година.
Според информациите, Баер Леверкузен на чело со Чаби Алонсо е заинтересиран за Кристијано.
Стратегот на „фармацевтот“ е добар пријател со Роналдо, кој со години му беше соиграч во Реал Мадрид.
Роналдо е главната ѕвезда во Арабија, па вистинското прашање е дали има желба повторно да се докаже на највисоко ниво на 39 години.
Оваа сезона има учинок од 42 гола на 41 натпревар.
Во текот на кариерата играше за Спортинг, Манчестер унајтед,Реал Мадрид и Јувентус.
Пет пати ја освојуваше „Златната топка“.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.