Спорт
ЛШ: Капитенот на Славија Прага на 4 меча претрчал 50 километри
Томаш Сучек, капитенот на чешка Славија Прага, на досегашните 4 натпревари во фудбалската Лига на шампиони претрчал неверојатни 50 километри. Тој неговиот тим го одведе до двете најголеми изненадувања во првите 4 кола од ЛШ кога Славија најпрво одигра нерешено 1-1 на „Џузепе Меаца“ против Интер во првото коло, а чешкиот тим остана непоразен и на „Ноу Камп“, 0-0 против Барселона во последното коло.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми, кој ја носи капитенската лента во Динамо Загреб, на четирите натпревари на „модрите“ претрча речиси 42 километри.
Асот на Јувентус Миралем Пјаниќ води во категоријата на точни додавања. Тој за 4-те меча имал дури 338 точни додавања, само 2 повеќе од дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк. Европскиот првак води од тимовите кои имале најмногу точни додавања, дури 2.596
Кога се работи за ударите во рамки на голот, по 11 имаат Роберт Левандовски (Баерн) и Кристијано Роналдо (Јувентус).
Најмногу прекршоци досега се направени врз играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, дури 16, или по 4 во просек на меч.
„Највалкани“ фудбалери во досегашниот дел од ЛШ се играчот на Локомотив Москва, Дмитриј Баринов со 14 фаули, а веднаш зад него е Петер Олајинка од Славија Прага со 13 прекршоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.