Спорт
ЛШ класика во Истанбул – Лајпциг го „поништи“ хет-трикот на Кахвеџи

РБ Лајпциг стигна до луда 4:3 победа на гостувањето кај Башакшехир, поништувајќи го хет-трикот на Ирфан Кахвеџи и поставувајќи притисок на Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен пред вечерашното дерби.
Краснодар, пак, ја прослави својата прва победа во ЛШ откако со 1:0 ги победи Рен во меч кој може да биде клучен за тоа кој ќе продолжи во Лига Европа од групата Е.
Јусуф Поулсен го донесе тимот на Јулијан Нагелсман во водство во 26. минута, за во 43. минута, Норди Мукиеле да зголеми на 0:2. Надежите на домаќините, кои досега ги победија само Јунајтед во Истанбул, ги загреа Ирфан Кахвеџи со гол во 45. минута. Дани Олмо со фантастичен гол во 66. минута ја врати предноста од два гола, додека Кахвеџи во 72. минута повторно ја врати неизвесноста, за во 85. минута со прекрасен гол од слободен удар да израмни на 3:3. Норвежанецот Александер Сорлот беше човек на одлука, откако Норвежанецот со гол во 92. минута донесе победа за гостите.
Со овој резултат, Башакшехир веќе не е во игра за пласман во осминафиналето на ЛШ, а Лајпциг се израмнува со Манчестер јунајтед на 9 поени, пред ПСЖ со 7 во интересна борба за две места во осминафиналето. Во последното коло, Лајпциг ги пречекуваат Јунајтед, а ПСЖ ги пречекуваат Башакшехир.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО
ГРУПА Х
Башакшехир – РБ Лајпциг 3:4
Манчестер јунајтед – ПСЖ 21.00 ч.
Табела: 1.Манчестер ј. 9, 2.Лајпциг 9, 3.ПСЖ 6, 4.Башакшехир 3
ГРУПА Е
Краснодар – Рен 1:0
Севилја – Челси 21.00 ч.
Табела: 1.Челси 10, 2.Севилја 10, 3.Краснодар 4, 4.Рен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дренте покажа дека има големо срце

Иако можеби пропушти да направи голема фудбалска кариера, банкротираше и направи многу сомнителни избори во својот живот, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ројстон Дренте овојпат ја покажа и својата најдобра страна.
33-годишниот Холанѓанец, кој неодамна потпиша за шпанскиот третолигаш Расинг Мурсија каде што веднаш беше на критиките поради вишокот килограми, тој покажа дека знае да прави добри дела. Дренте објасни дека видел бездомник во супермаркет кој немал доволно пари да си купи храна, а откако му понудил пари, вработените во супермаркетот го одбиле тоа, за на крај тој да му купи јадење.
„Ништо пријателу, ова е за тебе. Го купив и не сакам ништо назад, нема потреба. Дали си за Мурсија?“, вели Дренте во видеото.
Подоцна тој објасни дека човекот во себе имал само 20 центи, па тој решил да му помогне.
👏👏 Lección de humanidad de Drenthe con un sintecho a la puerta de un supermercado en Murcia pic.twitter.com/dTdlgXU1d8
— MARCA (@marca) January 17, 2021
Спорт
Хендерсон: Сите во Ливерпул имаат огромна почит кон Рашфорд

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон пред големото дерби против Манчестер јунајтед зборуваше за огромната почит која сите во клубот ја имаат кон противничкиот напаѓач Маркус Рашфорд за неговата работа во добротворни цели.
Рашфорд во текот на пандемијата на КОВИД-19 делумно стана активист, борејќи се со детската сиромаштија, поведувајќи неколку кампањи за доделување на храна на учениците кои не одат на училиште.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во октомври изјави дека е горд на Рашфорд, а сега Хендерсон иако признава дека нема да има простор за сентименалности во дербито, вели дека мора да му се оддаде почит на Рашфорд, кој ја продолжи и добрата форма на теренот со 14 гола и 9 асистенции ова сезона.
„Овојпат, ќе го ставиме ривалството на страна и ќе му оддадеме почит на еден од фудбалерите на Јунајтед, и мислам дека сите фанови ќе ме поддржат во тоа, бидејќи се работи за Маркус Рашфорд. Тоа што го направи тој во последните 12 месеци е неверојатно. Се бореше против сиромаштијата, даде глас на децата кои го немаат тоа, и ја искористи својата репутација да помогне на другите. Секоја награда и секоја пофалба која ја добива, не само што е заслужена, туку и е премалку. Енди Робертсон неодамна кажа дека Маркус би бил првиот фудбалер на Јунајтед кој би добил аплаузи и овации од публиката на ‘Енфилд’. Тоа нема да се случи сега, но се надевам дека тој знае дека сите во Ливерпул имаат целосна почит кон него. Тој е пример за сите. Имам среќа што го имам како колега во англиската репрезентација, но денеска тоа нема да важи и знам дека и тој го мисли истото. Денеска е ден за ривалство“, вели Хендерсон.
Спорт
Чалханоглу и Ернандез позитивни на КОВИД-19

илан потврди дека нивните фудбалери Хакан Чалханоглу и Тео Ернандез се позитивни на КОВИД-19, што претставува нов проблем за тренерот Стефано Пиоли пред понеделничкото гостување кај Каљари.
Двајцата не тренираа во петокот поради „неконклузивни“ тестови, пред во саботата да се потврди нивниот позитивен тест.
„Хакан Чалханоглу и Тео Ернандез имаат позитивни тестови, но остатокот од фудбалерите се негативни. Двајцата фудбалери, кои немаат симптоми, веднаш се сместени во домашен карантин. Сите други членови на тимот ќе бидат подложени на строго тестирање според протоколите“, се вели во соопштението на Милан.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира