Спорт
Луда драма меѓу Флензбург и ПСЖ

Флензбург за малку ќе пропуштеше предност од 9 гола разлика (19:10) на полувреме, за на крајот да стигне до 28:27 победа над Пари Сен-Жермен за да се одвои на второто место на табелата во групата А во ЕХФ Лигата на шампиони, додека Кјелце победи кај Сегед со 30:26 за да остане на првото место.
Бундеслигашот имаше неверојатно прво полувреме, во кое апсолутно го декласираше тимот на Раул Гонзалез, меѓутоа ПСЖ кои пристигнаа во Германија со низа од пет победи во ЛШ, се вратија и го однесоа натпреварот во трилер завршница.
На 33 секунди пред крајот, ПСЖ со голот на Недим Ремили успеа да дојде на 27:28, а потоа Флензбург незамисливо да ја загубат топката. Ремили во брзата контра ја погоди само стативата.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Пик Сегед – Кјелце 26:30 (14:14)
Флензбург – Пари Сен-Жермен 28:27 (19:10)
Табела: 1.Кјелце 19, 2.Флензбург 17, 3.ПСЖ 12, 4.Мешков 11, 5.Сегед 10, 6.Порто 8, 7.Вардар 6, 8.Елверум 5.
ГРУПА Б
Мотор Запорожје – Алборг 27:29 (15:14)
Нант – Кил 24:24 (12:9)
ППД Загреб – Веспрем 28:35 (11:17)
Табела: 1.Барселона 26, 2.Веспрем 17, 3.Алборг 14, 4.Кил 12, 5.Мотор 12, 6.Нант 11, 7.Целје 6, 8.Загреб 0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нова ВАР-грешка во Англија – поништија гол гледајќи во погрешен играч

ВБА, синоќа, го победија Саутепмтон со 2:0, освоија вредни бодови со кои им порачаа на конкурентите дека до крајот на сезоната жестокот ќе се борат за опстанок. И на овој натпревар, Англичаните, уште еднаш имаа контроверзна примена на ВАР.
ВБА, во четвртата минута, постигнаа гол. Помошникот означи офсајд, а потоа ВАР потврди дека играчот на ВБА, Кајл Бартли, бил во минимален офсајд. Она што е проблематично во оваа ситуација е што Бартли воопшто не влијае на играта, голот го постигна Мбаје Диањ, кој се наоѓа во регуларна позиција.
Англичаните се прашуваат дали е можно ВАР да ги измешал играчите на ВБА.
„Поради позициите на камерите, не можеа да ги извлечат линиите низ телото на Диањ, поради што одлуката дека е офсајд остана“, рекол коментаторот на Скај спорт.
На крајот ВБА славеа со 2:0, со головите на Переира, Филипс и Робинсон.
Погледнете ја контроверзната ситуација.
Спорт
Рекордерот Кари го затрупа кошот на Денвер

Голден стејт Вориорс, предводен од спектакуларниот Стеф Кари, забележа победа над Денвер Нагетс 116:107. Вориорс со оваа победа остана во плејоф-зоната, со скор 26 победи и 28 порази е 10-ти на Западот. Денвер се четврти со 30 победи и 24 порази.
Кари одигра неверојатен натпревар, постигна 53 поени (10 тројки), на кои придодаде седум скока и четири асистенции. Најдобриот шутер во лигата на овој меч го надмина Вилт Чембрлен. Со 17.783 поени Кари стана најдобриот стрелец во историјата на франшизата.
Покрај Кари, кај Вориорс се истакнаа и Дрејмон Грин со 18 поени и по седум скока и асистенции, односно Ендрју Вигинс со 17 поени.
Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 27 поени, 12 скока и осум асистенции, три поени помалку постигна Мајкл Портер Јуниор. Проблем за Денвер е повредата на Џамал Мареј, кој во последната минута со болна гримаса го напушти теренот.
Њујорк Никс убедливо ги порази ЛА Лејкерс со 111:96. Џулиус Рендл, поранешниот играч на Лејкерси, забележа 34 поени. Во отсуство на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс кај Лејекрси се истакна Денис Шрудер со 21 поен и шест асистенции.
Вашингтон Визардс го изненади најдобриот тим во лигата, Јута Џез, со победата 125:121.
Бредли Бил постигна 34 поени, а Расел Вестбрук запиша нов трип-дабл (25 поени, 14 скока, 14 асистенции).
Кај Јута се истакнаа Донован Мичел со 42 поена и Бојан Богдановиќ со 33. Мичел на последните три натпревари постигнува најмалку 40 поени.
Резултати:
Далас-Филаделфија 96:113
Орландо-Сан Антонио 97:120
Мемфис-Чикаго 101:90
Њу Орлеанс-Сакраменто 117:110
Финикс-Хјустон 126:120
Спорт
Евертон четири меча без победа, топ 4 пласманот изгледа далечен

Евертон одиграа само 0:0 на гостувањето кај Брајтон во вториот понеделнички меч во Премиер лигата, што е нивни четврти меч без победа и со кој остануваат на далечни 7 поени од топ 4 пласман на место кое води во Лигата на шампионите. Од друга страна, за Брајтон, и овој поен може да биде клучен во борбата за опстанок.
Евертон се на осмото место со 48 поени, еден зад Тотенхем и дури 7 зад Вест хем на четвртото место. Брајтон се на 15. место со 33 поени, исто како 16-пласираниот Барнли и седум над зоната за испаѓање.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш