Контакт

Спорт

Луда колекција – Пике ги покажа сите трофеи освоени со Барса

Објавено пред

Жерард Пике по своето пензионирање го посети „Ноу Камп“ каде што имаше шанса да се фотографира со сите трофеи кои ги освои со Барселона во неверојатната кариера.

dobivaj vesti na viber

Во своите 14 години во дресот на каталонскиот клуб, Пике освои осум титули од Ла лига, седум од Копа дел Реј, три од Лигата на шампионите, три од Светското клупско првенство и три УЕФА суперкупа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Роналдо казнет за недоличното однесување

Објавено пред

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија му изрече казна на Кристијано Роналдо за недоличното однесување во текот и по натпреварот со Ал-Шабаб.

dobivaj vesti na viber

Португалецот падна на провокациите од трибините. Навивачите на Ал-Шабаб во текот на мечот извикуваа „Меси, Меси“.

Според „Дејли Мејл“, Роналдо доби суспензија од два натпревари. Повикувајќи се на пишувањата на медиумите во Саудиска Арабија, „Дејли Мејл“, пишува дека покрај суспензијата, Роналдо ќе добие и парична казна.

Роналдо ќе ги пропушти натпреварите со Ал-Хазма во четврток, како и со Ал-Аин во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.

Роналдо, инаку, е најдобар стрелец во лигата со 20 гола на 22 натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шведска за прв пат во својата историја има селектор странец

Објавено пред

Легендата на данскиот фудбал, Јон Дал Томасон (47) е избран за нов селектор на шведската фудбалска репрезентација. Томасот е првио селектор странец во историјата на Шведска.

dobivaj vesti na viber

На клупата на репрезентацијата на „трите круни“, Томасон го Јане Андерсон, кој доби отказ во ноември 2023 година, откако не успеа со Шведска да се пласра на Европското првенство во 2024 година.

Томасон, кој неодамна поднесе оставка како менаџер на англискиот второлигаш Блекбурн Роверс, потпиша договор до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, кој автоматски ќе биде продолжен доколку избори пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Томасон за Данска одиграл 112 натпревари, на кои 52. пати бил стрелец.

Во текот на својата кариера настапуваше за Коге, Херенвен, Њукасл, Феенорд, Милан, Штутгарт и Виљареал.

Тренерската кариера ја започна како помошник тренер на Екселзиор, а истата улога ја имаше и во Витесе и во данската репрезентација. Тој раководеше со Малме од 2020 до 2021 година, а со Блекбурн во последните две сезони.

Прикажи повеќе...

Спорт

Емирот од Катар и францускиот претседател во нова мисија да го убедат Мбапе да остане во ПСЖ

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон беше еден од главните „виновници“ што пред две години Килијан Мбапе го прекрши усниот договор со Реал Мадрид и остана во ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

Другите двајца актери од таа приказна беа првиот човек на клубот Насер ал-Хелаифи и емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал-Тани.

Според пишувањата на француските медиуми, оваа тројка би можела да се сретне со францускиот напаѓач утре на приемот што го приредува претседателот на Републиката за емирот на арапската земја, кој е во прва официјална посета на француската престолнина откако дојде на тронот во 2013 година.

Според француски „Ле Паризиен“, на настанот ќе присуствува и Мбапе, кој е еден од поканетите гости.

Главната причина за посетата на емирот, како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, се преговорите што се организираат во француската престолнина за нов прекин на огнот во Газа, бидејќи Катар е земјата која посредува меѓу Палестина и Израел.

Во Елисејската палата, на приемот, покрај Мбапе ќе има и други истакнати спортисти.

Сепак, мислите на Мбапе веќе се свртени кон Реал Мадрид, па прашање е дали гореспоменатите актери кои веќе одиграа важна улога во кариерата на францускиот репрезентативец можат да го натераат повторно да ја смени својата одлука.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна Бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид, откога ја ставија на лицитација...

Македонија1 час

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија1 час

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија2 часа

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија2 часа

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет2 часа

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија3 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет3 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ15 часа

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија16 часа

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија18 часа

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет18 часа

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион19 часа

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ20 часа

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија20 часа

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија20 часа

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...

Македонија22 часа

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде...

Економија23 часа

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Брисел: земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени...

Македонија1 ден

Спречен шверц на апарати за игри на среќа на царинската филијала во Гевгелија

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети кога увозник се обидел да ги...