Спорт
Лудница пред холандскиот класик, Ајакс пак победи на „Де Кујп“
Холандскиот „класик“, мечот помеѓу Феенорд и Ајакс, секогаш носи голема тензија меѓу навивачите на двата клуба, а овојпат не помогна ниту тоа што на „Де Кујп“ во Ротердам се играше пред празни трибини – поддржувачите на Феенорд направија хаос пред мечот да стартува.
Со факли и со друга пиротехничка опрема, навивачите на клубот од Ротердам го чекаа автобусот на Ајакс да пристигне на стадионот, а полицијата мораше да интервенира со користење на „водни топови“. Иако немаше навивачи на стадионот, тие поставија пиротехника покрај теренот, по што првите минути се играа во густ чад.
На теренот пак, Ајакс иако не покажа супериорност, си замина со три поени по 0:2 победата, кои привремено ги враќаат на првото место во Ередивизие. Третпат во последните два меча, Феенорд си постигнува автогол во големото дерби, откако Аргентинецот Марко Сенеси ја смести топката во својата мрежа во финишот на првото полувреме во 44. минута. Душан Тадиќ, кој неодамна го сруши рекордот на Лионел Меси со 36 асистенции во 2021 година, во 79. минута од пенал ја потврди победата.
Ајакс сега е прв на табелата со 39 поени пред ПСВ Ајндховен со 37 кои подоцна гостуваат на Валвајк, додека Феенорд се трети со 36 поени.
АТМОСФЕРАТА:
Feyenoord fans were awaiting the Ajax bus, only to find out that the bus is using the back entrance of the stadium this time, instead of the main entrance. [@veronicainside] pic.twitter.com/Ba9hYDzgGE
— ??? ???? ? (@TheEuropeanLad) December 19, 2021
Een waterkanon wordt ingezet buiten De Kuip.#veronicainside #feyaja pic.twitter.com/7P7k1RnlCH
— Veronica Inside (@veronicainside) December 19, 2021
ГОЛОВИТЕ:
— ajaxclipsgoals (@ajaxclipsgoals) December 19, 2021
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-39-36890”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шифрин доминантно до златниот медал во слалом
Микаела Шифрин, на импресивен начин, со предност од 1,50 секунди, го освои златниот медал во слалом.
За 30-годишната Американка, ова е осма победа во слалом оваа сезона, таа само ја продолжи доминацијата од Светскиот куп со две брилијантни трки. Во Милано и Корина го освои четврти олимписки медал во кариерата, трет златен.
Шифрин, во првата трка создаде огромна предност пред ривалките. Втората трка донесе хаотичен финиш.
Корнелија Елунд, трета по првото возење, направи голема грешка во долниот дел од патеката и не ја заврши тркаат. Лена Дир, втора по првото возење, излета на првата капија и ја шокираше публиката и остана без медал.
Покрај Шифрин, на подиумот завршија Камила Раст и Ана Свен Ларсон.
Швајцарката Раст, која во јули полни 27 години, освои сребро, за неа ова е прв олимписки медал. Прва пат медал на Олимпијадите освои и Швеѓанката Ларсон. Ја искористи последната можност, со оглед на тоа што во јуни полни 35 години.
Швајцарката Венди Холденер беше четврта, 21 стотинка зад Ларсон, Катарина Труп беше петта, а по неа следуваа: Катарина Хубер, Мелани Мајер, Ема Ајхер и Кејтлин Мекфарлан.
Foto/ EPA
Спорт
Атанасовска не ја заврши трката во слалом
Maкедонската скијачка Јана Атансовска, претпладнево го имаше вториот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
И вториот настап на Атанасовска, заврши неславно. По трката во велеслалом, таа не успеа да ја заврши и трката во слалом.
Атанасовска стартуваше како 61-ра, направи грешка во раната фаза од трката, поради што не успеа да се избори за настап во втората трка.
Инаку, по првата трка убедлива предност има Американката Микаела Шифрин.
Foto/ mok.org.mk
Спорт
(Видео) Спалети: Три чекори назад
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, зборуваше на прес-конференцијата по убедливиот пораз од Галатасарај.
Фудбалерите на Јувентус доживеаа дебакл во Истанбул, турскиот тим победи убедливо со 5:2.
„Лошо го завршивме првото полувреме и се обидовме да ја подобриме ситуацијата во второто. Нашиот тим падна во однос на посветеноста и карактерот. Денес, Јувентус се врати три чекори назад, а не еден“, рече Спалети.
Искусниот стратег потоа ја опиша ситуацијата поради која Хуан Кабал беше исклучен на почетокот на второто полувреме.
„Камбијасо ризикуваше да добие втор жолт картон кон крајот на првото полувреме. Ако веќе имате жолт картон во вакви натпревари, мора да знаете како да се однесувате, но сепак ја плативме цената со исклучувањето на Кабал. Тоа ни создаде некои тешкотии, а потоа и самите направивме премногу грешки, вклучително и во организацијата на нападот.“
Потоа Спалети ја анализираше играта на својот тим.
„Верувам дека нашиот тим може да ја подобри својата дефанзивна игра ако игра правилно. Немаме фудбалери кои се особено добри во контранападите или такви кои гарантираат голема сигурност во одбраната. Ако паднеме под нашето ниво, секогаш ќе бидеме во опасност“, истакна Спалети, а потоа продолжи:
„Секогаш сакаме да играме во нормални ситуации. Кога има сериозна опасност, топката мора да се исфрли, идејата дека секогаш треба да се игра не е точна. Кога се случуваат екстремни ситуации, никогаш не е лесно. Мора да преземеме одговорност. На индивидуално ниво и во разбирањето на одредени ситуации, тимот сè уште не е во најдобра форма и вечерва само ја влошивме ситуацијата“.
Ревашот, во кој Јувентус ќе биде домаќин ќе се одигра наредната среда, во Торино.
Foto/ depositphotos

