Спорт
Лудница во Мадрид – Атлетико губеше до 91.минута, на крајот ја победи Валенсија

Атлетико Мадрид со нестварен пресврт, во судиското надополување на времето, ја победи Валенсија со 3:2. Актуелните шампиони се вратија по минусот од два гола.
Атлетико се самоуништија во првото полувреме. Примија два гола од своите грешки, Облак прво потклекна пред Муса во 25.минута, а потоа и пред Уго Дуро во 44.минута.
Во второто полувреме, Атлетико со сите сили тргна во напад, додека Валенсија се определи да го брани водството. Таквата определба на крајот ги однесе во пораз.
Пресвртот го најави Куња во 64.минута. Потоа Луис Суарез пропушти две добри шанси да го израмни резултатот.
Валенсија имаше предност до истекот на 90.минута. Во 91. израмни Анхле Кореа, а две минути подоцна Марио Ермозо го комплетираше пресвртот.
Дуелот траеше 101 минута, главниот судија покажа 11 жолти картони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: Мбапе? Тој не постои вечерва

Реал Мадрид го освои пехарот во Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез даде одговор и за неуспешниот обид да го доведе Килијан Мбапе. Секако, истакна дека тоа веќе не е важно.
„Мбапе? Тој вечерва не постои. Ова е забава на Реал Мадрид, а тоа е нешто што осана во минатото. Ништо не се случило. Реал Мадрид имаше совршена сезона“, изјави Флорентино Перез.
Спорт
Анчелоти: Куртоа беше совршен на голот

Реал Мадрид ја освои 14. титула во Лигата на шампионите, а тоа е втор трофеј за „кралевите“ со Карло Анчелоти на клупата. Негов, вкупно четврти трофеј во ЛШ.
Италијанецот призна дека Тибо Куртоа е херојот на вечерашното финале, иако ги пофали сите фудбалери.
„Куртоа беше совршен на голот. Но, всушност целиот тим беше одличен. Како и не би бил, кога сезоната ја завршивме со освојување трофеи. Одбраната функционираше неверојатно, Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но, пред се, Куртоа беше фантастичен“, изјави Анчелоти.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.