Спорт
Лудо коло во Шпанија, 14 гола на 3 меча, Рајо на Димитриевски тоне кон Секунда (видео)
Ефикасното вонредно коло на Ла лига продолжува по вчерашната ревија на голови на „Мадригал“, Вилјарела – Барселона
4-4.
Вечерва на 3 меча во Шпанија во првата лига беа постигнати фантастични 14 гола.
Најнеефикасен со „само“ 3 гола беше дуелот меѓу Еибар и Рајо Валјекано, пораз на тимот на нашиот Столе Димитриевски од 2-1.
Гостите од Мадрид поведоа со 0-1 во 40. минута од мечот со голот на Позо. Сепак во вториот дел Еибар стигна до пресвр најпрво со голот на Чарлс во 64. Минута, а потоа и за конечните 2-1 со голот на Леон.
Атлетик Билбао со гол од пенал во 93 минута го победи Леванте на Енис Барди со 3-2. Нашиот репрезентативец не настапи на овој дуел.
Првите два погодоци за домаќините беа дело на Берчице и автогол на Фернандес, додека за Леванте прецизни беа Роџер и Кабасо.
Хуеска и Селта одиграа ефикасно реми со резултат 3-3.
Стрелци за домашната екипа беа Енрик, Авилја и Пулидо, а за гостите погодија Мендез, Аспас и Будебус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри
Кенениса Бекеле, големата атлетска ѕвезда, ќе учествува на Олимписките игри во Париз, 12 години по неговиот последен настап на најголемиот светски спортски настан.
Бекеле, кој има 41 година, последен пат настапи на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, кога заврши на четвртото место на трката на 10 километри.
Тој ги пропушти Рио де Жанеиро (2016) и Токио (2022) и сега е дел од 10-члениот атлетски тим на Етиопија за Париз.
Во главниот град на Франција ќе трча маратон на кој во последно време бележи одлични резултати. Тој во декември го освои четвртото место во Валенсија, додека неодамна беше втор во Лондон.
Бекеле освои три олимписки злата и едно сребро. Во Атина во 2004 година победи на 10 километри и беше втор на 5 километри, додека четири години подоцна во Пекинг славеше и на 5 и на 10 километри.
Олимпискиот маратон за мажи е закажан за 10 август.
Спорт
(Видео) Индијана избори мајсторка против Њујорк
Кошаркарите на Индијана славеа против Њујорк (116:103) и со тоа го обезбедија мајсторка во „Медисон Сквер Гарден“.
Екипите продолжија да го бранат домашниот терен, па така и во шестиот меч од полуфиналната серија на Истокот, гостинот загуби.
Најзаслужни за триумфот на Индијана беа Паскал Сијакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции и Мајлс Тарнер со 17 поени, осум скока и три асистенции.
Тајрис Халибартон (+9ас), Ти Џеј Меконел и Ендру Небхард постигнаа по 15.
На другата страна се истакнаа Џејлен Брансон кој постигна 31 и Донте ДиВинченцо кој постигна 17 поени.
Првото двоцифрено водство „Пејсерс“ го остварија на крајот од првото полувреме и со исклучок на почетокот на вториот дел не го испуштија.
Разликата во последната четвртина се искачи на +23.
Решавачкиот седми натпревар е закажан за в недела од 21.30 часот во Њујорк.
Победникот, во финалето ќе игра против Бостон Селтикс, кој ги елиминираше Кливленд Кавалирс.
Спорт
Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата
Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона.
Палмер, кој летово пристигна во Челси од Манчестер сити, постигна 22 гола на 33 натпревари и забележа десет асистенции.
Тој е водечка сила на сините оваа сезона, а на последните три натпревари постигна по два гола.
Тој победи во конкуренција на Александер Исак (Њукасл), Коби Мајно (Манчестер јунајтед), Букајо Сака и Вилијам Салиба (Арсенал) и Дестини Удоги (Тотенхем).
Траката за Златната копачка во Премиер лигата, Палмер ќе ја заврши на второто место зад Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој постигна 27 гола.
И не само тоа, 22-годишниот Палмер е номиниран и за најомилен играч на гласањето на навивачите во Премиер лигата.
Офанзивниот играч за врска на Челзи неодамна беше прогласен и за играч на месец април во Премиер лигата, откако постигна седум гола на четири натпревари.
Треба да се додаде дека тој со огромно мнозинство ја освои наградата за најдобар играч на Челзи оваа сезона.