Спорт
Лук Волтон обвинет за сексуален напад

Новиот тренер на Сакрамнето Кингс, Лук Волтон, наводно се соочува со тужба од новинарката Кели Тенант за сексуален напад. Според американските медиуми нападот се случил во 2017 година, во хотелска соба во Санта Моника.
Наводно, Волтон ја поканил новинарката во својата хотелска соба како би разговарале за нејзината книга. Таа во тужбата тврди дека тој „силно ја турнал на креветот, а потоа ја бакнал во вратот, устата и градите“.
Таа врескала и се обидувала да се одбрани, но тој не сакал да престане, а кога некако успеала да избега и стигне до вратата, Волтон и рекол: „Добро е што се видовме“.
Тенант подоцна ја напуштила телевизијата во која што работела за да може да и се посвети на борбата за правата на жените, додека за „Амазон прајм“ работела одбојкарски натпревари.
Лук Волтон одбил да ги коментира овие наводи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Почина Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она што е позначајно, тука започна континуитет на учествоото на големите натпреварувања кој трае до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Фото: РФМ/Фејсбук
Спорт
Шпанија без Торес против Бугарија

Шпанскиот фудбалер Феран Торес ќе го пропушти квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Бугарија поради повреда, објави денес Шпанската фудбалска федерација (RFEF).
„По дополнителни прегледи, медицинската служба на RFEF утврди дека Торес има преоптоварен мускул, но не станува збор за сериозна повреда. Во согласност со политиката за намалување на ризиците и давање приоритет на здравјето на играчите, одлучено е Торес да го пропушти натпреварот против Бугарија. Медицинската служба на Барселона е информирана за сите детали“, се вели во соопштението на RFEF.
Квалификацискиот натпревар од групата Е за СП 2026 помеѓу Шпанија и Бугарија ќе се игра утре во 20:45 часот во Ваљадолид. Шпанија го држи првото место во табелата во групата Е со девет бода од три натпревари.
Торес (25) одигра 51 натпревар за шпанската репрезентација и постигна 22 гола.
Спорт
Успешно опериран Марк Маркез

По прегледот на повредата на десното рамо, со која се здоби на траката во Индонезија, Марк Маркез беше успешно опериран во Мадрид.
Медицинскиот тим што го прегледа Маркез седум дена претходно откри дека скршената коракоидна коска и оштетувањето на лигаментите не покажуваат доволно знаци на стабилизација по една недела имобилизација, што беше првичниот план за лекување.
Затоа, со оглед на ризикот од трајна нестабилност, беше одлучено да се пристапи кон хируршка стабилизација и реконструкција на акромиоклавикуларните лигаменти.
Од самиот почеток, операцијата беше една од опциите што лекарите ги разгледуваа во случај конзервативниот третман да не ги даде очекуваните резултати.
Сега, по успешната операција и враќањето на Маркез дома, возачот со број 93 го продолжува процесот на закрепнување.
Неговиот напредок ќе одреди кога ќе може да се врати на трките, а тест-возачот Мишел Пиро ќе го замени на австралиската трка овој викенд.
🚨MARQUEZ INJURED IN HIGH-SPEED INDONESIA GP CRASH
Marc Marquez, fresh off his 7th MotoGP title, collided with Marco Bezzecchi on the first lap at Mandalika International Street Circuit.
🔹The crash sent both riders into the gravel at high speed; Marquez was visibly in pain,… pic.twitter.com/0RaKAoPFby
— Info Room (@InfoR00M) October 5, 2025