Спорт
Мајами во продолжението го скрши Бостон
																								
												
												
											Мајами Хит ги победи Бостон Селтикс 117:114 (106:106) во првиот натпревар од финалната серија во Источната конференција во НБА-лигата.
Мјами во последната четвртина ја стигна предноста на Бостон од 14 поени, а потоа во продолжението предводен од Џими Батлер дојде до победата. Во финишот на регуларниот дел Мајами имаше 106:105, Џејсон Тејтум го израмни резултатот, а истиот играч во последната секунда не успеа да погоди тројка.
Во продолжението клучните поени (2+1) ги постигна Батлер, а потоа конечниот резултат го постави Бем Адебајо.
Горан Драгиќ беше најефикасен кај Мајами со 29 поени, Џеј Краудер уфрли 22, а Батлер 20 поени.
На спротивната страна Тејтум забележа 30 поени, 14 скока и пет асистенции, четири поени помалку уфрли Маркус Смарт.
Вториот меч од оваа серија на програмата е на 18 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Дејвид би можел да го напушти Јувентус
														Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.
Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор.
Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим. Во тие 12 натпревари постигна само еден гол.
Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, би можел да има слух за канадскиот репрезентативец и да му даде поголема улога.
Спалети, кој го наследи Игор Тудор, дебитираше на тренерската клупа на Јуве во саботата, со победата над Кремонезе (2:1), но Давид влезе во игра дури во 85-тата минута.
Исто така, малку е веројатно дека Дејвид ќе биде во почетниот состав за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.
Спорт
Стефано Пиоли доби отказ
														Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.
Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.
Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.
Спорт
Спанулис и во иднина ќе ја предводи Грција
														Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција.
Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор.
Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на Евролигата, Монако, а неговата следна цел кога станува збор за репрезентацијата ќе биде да ја однесе Грција на Мундобаскетот во 2027 година.
Спанулис е на клупата на грчката репрезентација од октомври 2023 година, а ја водеше оваа репрезентација на Олимписките игри во Париз една година подоцна.

