Спорт
Мајнц го победи фаворитот Лајпциг, Ајнтрахт ја декласира Арминија

Мајнц приредија вистинско узненадување во Бундес лигата со победата над Лајпциг во 18.коло. Во оваа рунда, Волфсбург во дербито победи во Леверкузен, а Ајнтрахт Франкфурт „пукнаа петарда“ во мрежата на Арминија.
Мајнц со втората победа во сезоната, најавија дека жестокот ќе се борат за опстанок во Бундес лигата. Претпоследниот тим на табелата со 3:2 го победи второпласираниот Лајпциг.
Лајпциг два пати имаа предност во првото полувреме, со головите на Адамс и Халстенберг, која со своите голови ја поништуваше Нијакате. Голема победа за Мајнц обезбеди Бариеро со голот во 50.минута.
Ајнтрахт во Билефелд ја декласира Арминија со 5:1. Натпреварот го обележа српскиот репрезентативец Костиќ со гол од 25 метри и асистенција. Точка на натпреварот стави позајмениот играч од Реал Мадрид, Јовиќ.
Баер Леверкузен го забележа третиот пораз на последните пет натпревари. „Фармацевтите“, загубија од директниот конкурент за висок пласман, Волфсбург. Голот на Баку во 35.минута го реши победникот. Двата тима сега имаат по 32 бода и се наоѓаат на делба на третата позиција во лигата.
Натпреварите Аугсбург-Унион Берлин и Фрајбург-Штутгарт завршија со победи 2:1 на домашните тимови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пулишиќ промаши пенал – Нула во дербито Јувентус-Милан

Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Ова беше 245-та средба меѓу двата тима, која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат. Милан петти меч по ред не успеа да постигне гол против Јувентус, последен пат росонерите, постигнаа гол против екипата од Торино во мај 2023 година.
Кристијан Пулишиќ не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот, промаши пенал во 53-та минута.
Неколку минути пред пеналот на Пулишиќ, нјдобрата шанса за Јуве не ја искористи Гати, неговиот удар од пет метри брилијантно го одбрани Мењон.
Милан беше многу поблиску до победата, имаше повеќе шанси, беше поконкретен од ривалот кој, освен гореспоменатиот обид на Гати, не направи речиси ништо конкретно во нападот.
Спорт
(Видео) Пресврт на „Марадона“ – Наполи ја победи Џенова

Фудбалерите на Наполи ја победија Џенова со 2:1 во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Наполи успеа да ја оствари својата петта победа оваа сезона во Серија А, откако по пресврт ги победи гостите од Џенова.
Џенова поведе во 33-та минута преку Екатор. Напаѓачот на Џенова постигна спектакуларен гол со петица.
Во второто полувреме, Наполитанците ја обезбедија победата. Изедначи Самбо Ангиса во 57-та минута за израмнување и надеж дека Наполи може да ја продолжи трката со Рома.
Голот за победа го постигна Расмус Хојлунд во 75-та минута. Данецот игра како прероден во Наполи, каде дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед. Во средата, со два гола му ја обезбеди победата на наполи над Спортинг во Лигата на шампионите.
Наполи со оваа победа се изедначи со Рома на челната позиција, двата тима имаат по 15 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лесно му е на Сити кога го има Халанд

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Брентфорд со 1:0 во последниот натпревар од седмото коло од Премиер лигата.
„Граѓаните“ беа големи фаворити пред натпреварот, добро го отворија натпреварот, делуваа сигурно во првиот дел, но во вториот не направија буквално ништо пред голот на противникот. Сепа за тимот на Гвардиола најважна е победата.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во деветтата минута, кога голманот на Брентфорд го совлада Ерлинг Халанд.
Сити го забележа четвртиот триумф во сезоната, сега се наоѓа на петтото место на табелата со 13 бода, три помалку од лидерот Арсенал.