Спорт
Макаби го победи Фенер и го „избра“ Реал во четврт-финалето на Евролигата
Макаби Тел Авив гопобеди Фенербахче со 85:76 во последниот меч од регуларниот дел од Евролигата, со што го „избра“ Реал Мадрид како противник во четврт-финалето на елитното европско натпреврување.
Со овој резултат, актуелниот шампион Анадолу Ефес ќе игра со Олимпија Милано, а во другите двојки играат Барселона-Баерн Минхен и Олимпијакос-Монако. Фајнал фор турнирот оваа година ќе се игра во Белград.
ЕВРОЛИГА, 1/4 ФИНАЛЕ
Барселона – Баерн Минхен
Олимпијакос- Монако
Олимпија Милано – Анадолу Ефес
Реал Мадрид – Макаби Тел Авив
Ф4 БЕЛГРАД
Барселона/Баерн – Реал/Макаби
Олимпијакос/Монако – Милано/Ефес
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лукаку со гол и две асистенции го водеше Наполи до триумф над Комо
Наполи со победата против Комо со 3:1 во натпреварот од седмото коло во италијанската Серија А ја зголеми предноста пред Јувентус на првото место на првенствената табела. За тимот на Антонио Конте погодија Скот Мектоминеј, Ромелу Лукаку и Давид Нерес, а за гостите од Комо, Габриел Стрефеца.
Наполи одлично го започна натпреварот. Шкотскиот играч за врска Скот Мектоминеј постигна гол во првата минута на асистенција на Лукаку. Гостите израмнија во 43. минута со голот на Габриел Стрефеца.
Во второто полувреме, Лукаку реализираше пенал за 2:1 во 53. минута, а потоа му асистираше на Давид Нерес во 86. минута за конечни 3:1, со што Наполи ја постигна петтата победа во новата сезона во Серија А.
Мектоминеј и Нерес ги постигнаа дебитанските голови во дресот на Наполи.
Тимот под водство на Антонио Конте е на врвот на табелата со 16 бодови, пред Јувентус кој има 12 бодови и натпревар помалку. Комо е на десеттата позиција со осум бодови.
Спорт
(Видео) Барцокас и Шарас за малку ќе се степаа
Јоргос Барцкокс и Шарунас Јасикевичиус, тренерите на Олимпијакос и Фенербахче, на крајот од натпреварот, кој му припадна на Фенербахче (82:71) имаа жесток вербален дуел.
Целата мешаница започна откако се поздравија на крајот од натпреварот.
Стратегот на Олимпијакос збесна, влезе во вербална расправија со Литванецот, кој не му остана должен.
Паднаа тешки зборови, се создаде голема гужва, но немаше хаос од големи размери.
Šarūnas Jasikevičius.
Mourinho şu sekansı izlerken mest olmuştur. pic.twitter.com/PEyjkVOfsW
— Ozzy (@kanaryasoul) October 4, 2024
Двајцата тренери отидоа во соблекувалните. По натпреварот, Јоргос Барцокас разговараше со турски новинар во микс зоната и ја објасни ситуацијата од негова гледна точка.
„Пред да одиме би сакал да кажам нешто за однесувањето на противничкиот тренер. Што и да се случи на натпреварот, ние добивме по техничка грешка. На крајот отидов да му пружам рака и тој покажа тотално непочитување, ме нападна. Само сакам ова сите да го знаат“, рече Барцокас.
Спорт
Голем пресврт: казната е намалена, Пол Погба на терен веќе во март
Забраните за играње од четири години се намалени на 18 месеци. Вест на денот во европскиот фудбал! Пол Погба се враќа на терените за помалку од половина година.
Имено, првичната четиригодишна забрана за играње фудбал поради позитивен допинг тест, Меѓународниот спортски арбитражен суд ја намали на 18 месеци, пренесува Дејли Мејл.
Тоа значи дека од јануари францускиот играч ќе може да тренира со Јувентус, а од март повторно ќе има право да игра фудбал.