Спорт
Македонија не дозволи Корејците да се вратат, на крајот на 27. место на СП

Македонската ракометна репрезентација ќе го заврши Светското првенство во Полска и Шведска на 27. место, откако во натпреварот со пласман, пристојно се намачивме со мотивираната репрезентција на Јужна Кореја за на крајот да стигнеме до 36:33 (20:19) победа.
Селекцијата на Кирил Лазаров почна одлично, и во првото полувреме имавме максимална предност од пет гола, пред во финишот на полувремето, Корејците да се доближат на само еден гол разлика.
Но, во второто полувреме, Корејците не само што израмнија, туку дојдоа и до прво водство при 26:25, пред македонската репрезентација да го крене своето ниво и во финишот на мечот да ја направи разликата за победа.
Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен во македонската репрезентација, Мартин Серафимов заврши со пет гола, а Талески и Ѓонов додадоа по четири гола.
Фото: РФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тајли го предупреди семејството Ѓоковиќ: Внимавајте со кого разговарате
Големо внимание во јавноста предизвика Срѓан Ѓоковиќ, по победата на неговиот син над Андреј Рубљев во четвртфиналето на Австралија опен.
Таткото на Новак, Срѓан, по натпреварот славеше со навивачите, меѓу кои и оние со руси знамиња со ликот на Владимир Путин, а наводно рекол „Да живее Русија“. На крајот излезе дека тоа медиумите погрешно го пренеле и дека Срѓан Ѓоковиќ само рекол „Да живееме“.
За ова зборуваше и директорот на турнирот во Мелбурн, Крег Тајли, кој откри:
„Поминав многу време разговарајќи со семејството Ѓоковиќ. Мој совет е дека треба да бидете многу внимателни бидејќи ова е настан од светско значење. Кога имате стотици илјади луѓе кои минуваат низ портите, нормално е дека ќе има луѓе кои ќе дојдат со намера да прават опструкции. Немојте да бидете вовлечени во тоа, рече Тајли и дополни.
„Тие целосно го разбираат тоа. Семејството беше многу добро. Тие беа вознемирени што сè беше преземено на тој начин. Немаше намера. Неговиот татко не поддржува војна, тие се фокусирани на поддршка на мирот, изјави првиот човек Австралија опен.
Новак утре во финалето ќе игра против Гркот Стефанос Циципас.
Спорт
Дрес на Леброн продаден за речиси 4.000.000 долари

Дресот на Леброн Џејмс, во кој со Мајами ја освои титулата во НБА лигата во 2013 година, беше продаден синоќа на аукција во Њујорк за 3,7 милиони долари.
Ова го направи третиот најскап дрес продаден на аукција во Сотби.
Мајами до шампионскиот прстен стигна по победата против Сан Антонио во седмиот, решавачки натпревар, а Џејмс на тој меч постигна 37 поени со 12 скока.
Со постигнатата цена дресот на Џејмс од тој натпревар се уште не е најскапиот што е продаден.
Највисока цена постигна дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, кој беше продаден за 10,91 милиони долари, втор на листата е дресот што го носеше Диего Марадона на Светското првенство во 1986 година, продаден за 9,28 милиони долари.
LeBron James’ 2013 NBA Finals Game 7 jersey has sold at auction for $3.68 million.
It’s Sotheby's 3rd-most expensive NBA jersey ever sold, and a record for any LeBron jersey. pic.twitter.com/WWmXVD9cNB
— Front Office Sports (@FOS) January 27, 2023
Спорт
Навас се сели кај „шумарите“

Кејлор Навас во финишот на преодниот рок ќе го засили Нотингем Форест.
„Шумарите“ се во потрага по голман, откако Дин Хендерсон се повреди и не е познато кога би можел да се врати во тимот. Дел од медиумите шпекулираат дека за него оваа сезона е завршена.
Навас целосно падна во втор план кај новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, прв голма на „светците“ е Џиџи Донарума.
Претходно се шпекулираше дека Навас би можел да премине во Ал-Наср., но голманот ја одби таа можност.