Спорт
Македонија оди на ракометниот Мундијал во Египет, Чешка се откажа

Машката македонска сениорска ракометна репрезентација ќе биде дел од ново Светско ракометно првенство кое утре започнува во Египет. Нашите репрезентативци одат на Мундијалот „на мала врата“, како прва резерва откако селекцијата на Чешка мораше да го откаже својот настап поради големиот број ракометари позитивни на коронавирусот.
Нашите ракометари, кои се очекува што поскоро да отпатуваат кон африканската држава ќе бидат дел од групата Г, заедно со селекцијата на домаќинот Египет, потоа десеткуваниот тим на Шведска и аутсајдерот Чиле, селекција која минативе денови двапати ја совладавме во пријателски мечеви.
В четврток во 1.коло играме со Шведска, на 16 јануари се среќаваме со домаќинот Египет, а на 18. ќе играме против Чиле.
14 јануари во 20:30 часот дуел: Шведска – Македонија
16 јануари во 18:00 часот дуел: Египет – Македонија
18 јануари во 15:30 часот дуел: Македонија – Чиле
Според правилата, најдобрите три репрезентации од секоја група одат во следната фаза, по што се вкрстува со групата Х, каде се селекциите на Словенија, Белорусија, Русија и Јужна Кореја.
За Македонија ова ќе е седмо учество на СП откако првото беше пред 22 години, токму во Египет.
https://www.ihf.info/media-center/news/north-macedonia-replace-czech-republic-27th-ihf-mens-world-championship
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спустот во Вал ди Фаса за Гут-Бехрами

Лара Гут-Бехрами, победи на спуст трката, која се возеше во Вал ди Фаса. Овој италијански ски-центар, прв пат во историјата, беше домаќин на трка во рамките на Светскиот куп. Гут-Бехрами ја забележа 31 победа во кариерата, десетта во спуст. Сезонава таа има пет победи во Светскиот куп.
Лара Гут-Бехрами, патеката „Ла Волата“, долга 2.350 метри, ја мина со време 1:23.93 минути. Швајцарката со освоените 10 поени го презеде челновот мест во генералниот пласман во Светскиот куп.
Гут-Бехрами, на крајот за само две стотинки беше побрза од Рамона Зибенхофер од Австрија, додека со време 1:24.19, третото место го освои Корин Сутер од Швајцарија.
Во вкупниот пласман Гут-Бехрами има 1.047 поени, 29 помалку на второто место има Петра Влхова од Словачка.
Спорт
Почина голманот на Порто Алфредо Кинтана

Ракометниот клуб Порто, објави дека од последиците на срцевиот удар, починал 32-годишниот голман, Алфредо Кинтана.
Голманот, во понеделникот, за време на тренингот, доживеал инфаркт. Поради сериозноста на ситуацијата тој бил ставен во вештачка кома. За жал неговото срце не издржа и тој почина во петкот, во болницата „Сао Жоао“.
„Никогаш не очекувавме дека ќе објавиме ваква порака, нашиот драг Алфредо Кинтана не напушти денеска. Засекогаш ќе го паметиме како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир“, објави клубот на социјалните мрежи.
Квинтана е роден на Куба, но бил и португалски државјанин десет години, забележал над 70 настапи за португалската репрезентација.
Спорт
Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска

Селекторот на ракометната репрезентација на македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот на играчи за претстојниот квалификациски дво-меч со светскиот првак Данска, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Првиот натпревар против Данска, Македонија ќе го во СЦ “Борис Трајковски” на 11.март во 20 часот, три дена подоцна, со почеток во 16 часот, ќе се одигра дуелот во Алборг.
На спискот на селекторот се наоѓа и Филип Миркуловски, кој како и Лазаров ќе има двојна улога, тој ќе биде играч и помошник на селекторот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер