Спорт
Макрон го убедил Мбапе да остане во ПСЖ
Францускиот претседател Емануел Макрон го убедил Килијан Мбапе да ја одбие понудата од Мадрид и да го продолжи договорот со ПСЖ. Мбапе во финишот на минатата сезона објави дека потпишал договор до јуни 2025 година. Според шпекулациите, неделно заработува 1.000.000 евра, а само за потписот на договорот добил 100.000.000 евра.
Мбапе во интервју за „Њујорк тајмс“ открил како се одвивала целата операција потенцирајќи дека парите не играле улога во носењето на одлуката.
„Дали поради парите го избрав ПСЖ пред Реал Мадрид? Не, бидејќи каде и да одам, ќе ги добијам парите“, рекол Мбапе.
Францускиот фудбалер открил колку бил важен разговорот со претседателот Макрон.
„Никогаш не можев да замислам дека за мојата иднина и кариера ќе разговарам со претседателот. Тоа е лудо. Тој ми рече: ‘Сакам да останеш, не сакам да заминеш сега. Ти си многу важен за нашата земја’. Кога претседателот ќе ви каже нешто такво, тогаш тоа е многу важно“, објасни Мбапе.
На крајот, тој рекол дека не ја исклучува можноста во иднина да се пресели во Реал Мадрид.
„Сонот за Реал Мадрид? Никогаш не знаеш што носи иднината. Никогаш не сум бил таму и не му припаѓам на Реал Мадрид, но некогаш и изгледа дека мојата куќа е таму“.
Килијан игра одлично на почетокот на новата сезона, постигна седум гола на пет одиграни натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

