Спорт
Манчестер јунајтед има најголема вредност во светот на фудбалот
Порталот „Спортико“, специјализиран за бизнис во спортот, објави листа на највредните фудбалски клубови во светот во моментов. Прв на листата е Манчестер јунајтед со вредност од 6.200.000.000 долари.
Втор на листата е финалистот во Лигата на шампионите Реал Мадрид со вредност од 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари.
На четвртото место е Ливерпул со 5.110.000.000 долари, а Баерн Минхен е на петтото место со 4.880.000.000 долари.
Интересно, Манчестер сити е на шестото место со вредност од 4.750.000.000 долари и покрај огромните инвестиции. Меѓу првите 20 на листата има пет клуба од МЛС лигата.
Во анализата „Спортико“ ги зема во предвид податоците за се она што е во сопственост на клубот, од стадионот до играчите и фирмите кои работат во рамките на клубовите.
Еве ја листата на 20. највредни фудбалски клубови во светот:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Епска катастрофа на Денвер од +20 до елиминација од Минесота
Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Минесота Тимбервулфс со 98:90 во мајсторката за пласман во финалето во Западната конференција. Минестоа во финалната серија која ќе започне во четврток ќе игра против Далас Маверикас.
Актуелните шампиони загубија и покрај тоа што на стартот од вториот дел имаа предност од 20 поени (58:38), но потоа следеше епски колапс на Нагетс.
Минесота успеа да го направи најголемиот пресврт во историјата на мајсторките и заслужено се пласираше во финалето.
На почетокот на четвртата четвртина Минесота целосно ја презеде контролата врз играта, Нагетс не можеа да затворат ништо, а гостите постојано ја одржуваа предноста.
Руди Гобер се истакна,а одличен придонес дадоа и Таунс, Гобер, МекДаниелс, Конли, Едвардс.
Никола Јокиќ имаше 34 поени, 19 скока и седум асистенции, но интересно само две асистенции во вториот дел. Погоди за 13-28 од поле.
Го следеше Мареј со 35 поени, а останатите потфрлија. Портер постигна седум поени, Поуп пет, а Гордон четири. Неверојатен е податокот дека резервите на Денвер постигнаа само пет поени.
Минесота до победата ја предводеа МекДаниелс и Таунс со по 23 поени, Едвардс постигна 16, Гобер 13.
Спорт
(Видео) Индијана надмоќно ја доби мајсторката во Њујорк
Индијана Пејсерс ќе им се спротивстави на Бостон Селтикс во финалето на Источната конференција во НБА лигата. Пејсерс ја добија мајсторката во Њујорк со 130:109. Финалната серија на Исторкот започнува во среда наутро по средноевропско време.
Пејсерси ги искористија сите проблеми кои го следеа Њујорк, фантастично шутираа и без проблем го добија седмиот натпревар. Индијана во првото полувреме имше реализација од речиси 80 отсто, во првата четвртина стекна двоцифрена предност.
Њујорк се обиде во третиот период разликата од 22 поени ја спуштија Никс на шест, но немаа сили за пресврт.
Повредите ги уништија Никс во оваа серија, Ануноби се обиди, одигра пет минути, а Харт го одигра речиси целиот натпревар, но не беше на очелуваното ниво. Надежите на Никс се урнаа во третата четвртина кога најдобриот играч Брансон се здоби со фрактура на дланката.
Од претходно во Њујорк ги немаше Рендл, Робинсон и Богдановиќ.
Халибартон со 26 поени, четири скока и шест асистенции ја предводеше Индијана, по 20 поени постигнаа Нембхард и Сиакам, 19 додаде Нејсмит со 8-8 од игра.
Кај Никс се истакнаа ДиВинченцо со 39 поени (10 тројки), Буркс додаде 26, а Брансон уфрли 17 поени.
Спорт
Гвардиола: Блиску сум до заминување
Манчестер сити со победата против Вест Хем четврта година по ред стана шампион на Англија. Оваа титула е шеста за Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“.
Славниот тренер има договор до 2025 година, а неговата изјава по кревањето на пехарот ги шокираше навивачите на Сити.
„Реалноста е дека поблиску сум до заминување отколку да останам. Зборував со челниците, чувствувам дека сакам да останам. Останувам следната сезона, тоа е сигурно. Но, ќе разговараме во текот на сезоната. Овде сум во клубот осум, девет години… Ќе видиме што ќе се случи понатаму“, изјави Гвардиола.
Пеп го презеде Сити во 2016 година и освои се што можеше да се освои со клубот. Во својата кариера овој 53-годишен фудбалер успешно ги водеше Барселона и Баерн.
Сити го водел на 471 натпревар. Оствари 349 победи, 57 нерешени и 65 порази.