Спорт
Ноер: Секој што играл фудбал знае како се чувствувам
Голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер во секунда од херој се претвори во трагичар на својот тим. Баерн синоќа доживеа пораз од Реал. Ноер буквално му го подари израмнивачкиот гол на Реал во 88.минута. Три минути подоцна Хоселу со вториот гол ги елиминираше Баварците.
„Секој што некогаш играл фудбал знае како се чувствувам во моментов. Горчлив е вкусот кога ќе доживееше елиминација, а бевме толку блиску до финалето на ЛШ. Со една нога бевме на Вембли, но не успеавме“, изјави Ноер.
Реал на 1 јуни ќе игра против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите на Вембли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јокиќ не знае дали ќе игра за Србија на ОИ
Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс изјави дека не знае дали ќе игра на Олимписките игри во Париз.
Денвер Нагетс беа елиминирани од Минесота во полуфиналето на Западната конференција, откако испуштија предност од 20 поени во седмиот натпревар.
Јокиќ имаше учинок од 34 поени, 19 скока и седум асистенции, а по мечот беше запрашан дали ќе игра за репрезентацијата на Олимписките игри.
„Не знам, ќе видиме, треба да размислам“, изјави Јокиќ.
Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри ќе се игра од 27 јули до 10 август.
Србија во групната фаза ќе игра против САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико.
Hoće li Nikola Jokić igrati za Srbiju na Olimpijskim igrama u Parizu? pic.twitter.com/bvwDvOFoZN
— B92 Sport (@b92sport) May 20, 2024
Спорт
На Лапорта му се слошило пред состанокот со Чави
Барселона го обезбеди второто место на крајот од сезоната со победата од 3-0 на домашен терен против Рајо Ваљекано.
Роберт Левандовски го постигна првиот гол во третата минута, а натпреварот беше решен кога Педри постигна два брзи гола, во 72. и 75. минута.
По натпреварот, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, се упатил кон службените простории за да одржи состанок со тренерот Чави, на кој , како што тврдат медиумите, требало да биде донесена одлука дали Чави ќе остане на чело на тимот и следната сезона.
Сепак, средбата не се одржала бидејќи, според шпанските медиуми, на Лапорта му се слошило и итно го напуштил стадионот и отишол во болница.
Чави по натпреварот имал средба со новинарите, на која рекол дека не знае каква ќе биде неговата судбина.
„Пораката е иста, кога ќе имам информација ќе ја споделам со вас. Но, ситуацијата е иста. Очекувам разговор што е можно поскоро“, рекол Чави.
Се чини дека навивачите го поддржаа Чави во наводниот судир со претседателот Лапорта.
„Не ми се допаѓа оваа ситуација. Не ми се допаѓа вакво нешто. Не сакам кога вака се искажува незадоволството, не е важно дали се работи за тренерот или претседателот. Непријатно ми е. Од друга страна, благодарен сум на нашите фанови што го извикуваа моето име“,
Минатата сезона Барселона по четири години пост ја освои титулата со Чави, но оваа година клубот остана без ниту еден трофеј.
Спорт
Родри: За разлика од Арсенал ние имаме победнички менталитет
Манчестер сити вчера ја одбрани титулата во Премиер лигата. Избраниците на Пеп Гвардиола во последното коло влегоа со два бода предност пред Арсенал, а на натпреварот против Вест Хем потврдија дека се најдобри во Англија.
За менаџерот Пеп Гвардиола тоа беше шеста шампионска титула на клупата на англискиот клуб. Сити заврши со два бода повеќе од второпласираниот Арсенал.
Шпанецот Родри беше еден од клучните играчи во тимот на Гвардиола, а по освојувањето на титулата ја објасни разликата помеѓу Сити и Арсенал.
„Кога Арсенал дојде на „Етихад“, почувствував дека тие момци не сакаат да победуваат. Тие сакаа да одиграат нерешено, ние го немаме тој менталитет“.
Родри, вчера против Вест Хем го постигна третиот гол за Манчестер сити.