Спорт
Манчестер јунајтед ќе се обиде да го продаде Мегваер!

Манчестере јунајтед ќе се обиде да го продаде капитенот Хери Мегваер во летниот преоден рок бидејќи Ерик Тен Хаг ќе се обиде да продолжи со изградбата на обновениот тим, јавува „Гардијан“.
Мегваер го чинеше Јунајтед 80 милиони фунти кога го купи од Лестер во 2019 година и во клубот се свесни дека ќе мора да прифатат далеку пониска цена за него. Овие вести се појавуваат неколку дена откако англискиот селектор Герет Саутејт потврди дека планира на Мегваер како стартер на СП во Катар.
Оле Гунар Солскјер го направи Мегваер капитен кога го купи од Лестер во август 2019, но оваа сезона тој има само еден старт во Премиер лигата по првите два меча од сезоната, кои Јунајтед ги загуби од Брајтон (2:1) и Брентфорд (4:0). Тен Хаг ги преферира Рафаел Варан и Лисандро Мартинез како бекови. Мегваер потпиша шестгодишен договор со опција за продолжување во 2026 година и има плата од 190.000 фунти неделно.
Тен Хаг исто така планира да се ослободи и од Фред кога договорот на Бразилецот ќе истече во јуни, иако Јунајтед има опција да го продолжи договорот на уште една сезона. Фред дојде во Јунајтед од Шахтјор Донецк во 2018 под Жозе Мурињо за 52 милиона фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.