Спорт
Манчестер сити ангажираа „инфлуенсери“ да ја фалат атмосферата на „Етихад“!
Манчестер сити и Лигата на шампионите не се „мирисаат“ одамна, и англискиот шампион секогаш има проблем да го наполни стадионот на европските натпреварувања, така што не изненадува одлуката пред мечевите со три релативно „послаби“ тимови да ангажираат „инфлуенсери“ да ја фалат атмосферата на стадионот.
„Лигата на шампионите оваа година ни даде три релативно непознати тимови што значи дека нашите навивачи потешко ќе доаѓаат на стадион. Бараме студенти, млади професионалци и нови луѓе во Манчестер кои се нашата идеална публика. Сакаме да ја пренесеме одличната атмосфера на ’Етихад’ преку инфлуенсери кои ќе ја раскажат автентичната приказна како е да си на меч на Манчестер сити“, се вели во рекламата на Манчестер сити.
На страна инсинуацијата кон своите ривали, Шахтјор Доњецк, Динамо Загреб и Аталанта како „релативно непознати тимови“, повеќе коментатори ја потенцираа „бесрамноста“ да морате да ги мотивирате своите навивачи да дојдат на стадион.

For people who don’t think it’s real it’s on Tribe (an app for influencers to collab with brands) pic.twitter.com/1vwjyCkcrW
— Beth Worrall ✨ (@BlogBeth) October 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сабаленка го освои Бризбејн
Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн.
Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3).
Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500.
Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 и брзо стави до знаење во која насока оди овој натпревар, и дека ќе го освои купот во Бризбејн без премногу проблеми.
Следниот предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што освои два трофеи во последните три години. Минатата година, во финалето беше поразена од Медисон Кис.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Шарлот со 55 поени разлика ја декласира Јута
Кошаркарите на Шарлот убедливо ја победија Јута со 150:95, изминатата ноќ во НБА лигата. Ова е втората најголема победа во историјата на франшизата и најубедлива на гостински терен.
Веќе по првата четвртина, беше јасно дека Јута Џез ќе доживее дебакл, гостите погодија апсолутно сè и го добија првиот период со неверојатни 45:14.
Јута не можеше да се опорави од тоа, а Шарлот само продолжи да ја зголемува својата предност, која достигна максимум +56 во текот на третата четвртина.
Хорнетс постигнаа дури 16 тројки во текот на првото полувреме, во споредба со само една на домаќините.
Најефикасни кај Шарлот беа Тре Мен со 20, Брендон Милер со 18, Ламело Бол со 17, Мајлс Бриџис и Колин Секстон со по 15, Џош Грин со 13, Рајан Калкбренер и Кон Кнуепел со по 12 и Муса Диабате со десет поени и десет скока.
Кај Јута најдобар беше Брајс Сенсебо со 26, односно Ајзеа Коли со 17 поени.
Резултати:
Кливленд – Минесота 146:134
/Мичел 28 – Едвардс 25/
Индијана – Мајами 123:99
/Е. Нембхард 29 – Хиро 21/
Детроит – ЛА Клиперс 92:98
/Робинсон 20 – Леонард 26/
Бостон – Сан Антонио 95:100
/Вајт 29 – Вембањама 21/
Чикаго – Далас 125:107
/Вајт 22 – Р. Нембхард 16/
Спорт
Гундоган го убедува Силва да се пресели во Галатасарај
Галатасарај, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Истанбул, Бернардо Силва (31).
Догороворт на Португалецот со Манчестер Сити истекува во јули, а познато е дека клубот нема да му понуди нов. Ова значи дека Бернардо веќе може да преговара со заинтересираните клубви.
Галатасарај, преку Илкај Гундоган (35), стапил во контакт со Португалецот.
Улогата на Илкај Гундоган е важна, бидејќи тој е еден од најдобрите пријатели на Силва и негов поранешен соиграч во Сити.
Гундоган разговарал со Силва и му го претставил турскиот клуб во многу добро светло, открива инсајдерот Николо Скира.
Бернардо Силва е легенда на Сити, со кого освои 18 трофеи од 2017 година.

