Спорт
Манчестер сити тврди дека е жртва на заговор на европските клубови
Казната што Манчестер сити ја доби од УЕФА, според клубот, е само почеток на пресметката со сопствениците зад кои стојат Обединетите Арапски Емирати. Англиските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори во Сити, пишуваат дека во клубот веруваат оти се жртви на неколку европски клубови и на конкурентите од Катар.
Кој можел да го намести Манчестер сити кај УЕФА доколку такво нешто воопшто постои. Сопствениците веруваат дека заднината на целиот случај е политичка и дека креатор е државата Катар.
Оттука, јасно е дека првиот клуб во кој се сомневаат е Пари-Сен Жермен, чиј прв човек Наср ал-Келаифи, е во извршниот комитет на УЕФА како еден од претставниците на асоцијацијата на клубовите.
Кога станува збор за други клубови, во Сити се убедени дека во местенката учествувале и Баерн Минхен, односно Реал Мадрид, но и конкурентите од Англија, кои ќе профитираат од казната.
Адвокатите на Манчестер сити тврдат дека клубот не требало да биде казнет бидејќи целата работа била решена уште во 2014 година. Според нив, поради тоа, периодот од 2012 до 2016 повеќе не може да биде предмет на истрага.
Сити одлуката на УЕФА ја обжали пред Судот за спортска арбитража во Лозана. Додека се чека одлуката, навивачите јасно го кажаа ставот дека го поддржуваат клубот. Сметаат дека во прашање е заговор, кој треба да го спречи Сити да завладее со европскиот фудбал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.