Спорт
Марибор му врачи отказ на Иличиќ

Легендарниот словенечки фудбалер Јосип Иличиќ доживеа целосен шок кога дозна дека е отпишан од тимот на Марибор.
Иличиќ во октомври минатата година стана член на Марибор, со клубот потпиша тригодишен договор. Тој беше донесен и најавен како големо засилување.
Викендов Марибор гостуваше кај Олимпија во Љубљана во дербито на словенечката прва лига. Марибор доживеа пораз во дербито 2:1.
Иличиќ влезе во игра во 76. минута и не одигра добро, шокот дојде неколку часа по завршувањето на натпреварот, кога дозна дека добил отказ.
Неговото однесување било пресудно за ваквата одлука. Според изјавите на тренерот Дамир Крзнар, тој лошо влијаел на играчите и ја нарушил атмосферата во тимот.
Иличиќ кариерата ја започна во Бритоф, играше за Бонифика, Интерблок, Марибор, Палермо, Фиорентина и Аталанта, додека за словенечката репрезентација забележа 80 настапи и постигна 16 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Две лица загинаа на рели

Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција.
Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите.
Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен со хеликоптер во локална болница.
„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е префрлено со хеликоптер во болница. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и е префрлен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, објавија организаторите.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Рашфорд одигра 33 минути на дебито за Барселона

Фудбалерите на Барселона го победија Висел Кобе со 3:1 во пријателски натпревар во Јапонија, а Маркус Рашфорд дебтираше за шпанскиот тим.
Рашфорд се приклучи на Барселона како позајмен играч од Манчестер јунајтед минатата недела. Англичанецот влезе во игра на почетокот на второто полувреме.
Интересно е што тој одигра само 33 минути, сè до 78-та минута кога беше заменет од Дро Фернандес, кој го постигна третиот гол во 87-та минута.
Барселона поведе во 33-та минута кога Ерик Гарсија постигна гол, а Таисеи Мијаширо израмни десет минути подоцна.
Водството на Барселона го врати Руни Барги во 77-та минута, пред Фернандес да го постави конечниот резултат.
Натпреварот требаше да се игра на почетокот на неделата, но беше одложен бидејќи Барселона го обвини промотерот за сериозно прекршување на договорот.
Фото/ Принскрин
Спорт
Пјастри го победи Норис во Белгија

Оскар Пјастри е победник на трката за Големата награда на Белгија. До осмата победа во кариерата, Австралиецот дојде пред тимскиот колега, Кандон Норис, кој започна од пол-позицијата и возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Траката во Белгија доцнеше 76 минути поради силниот дожд, започна зад возилото за безбедност, а кога по два круга возачите добија дозвола да се тркаат, во првиот круг Пјастри го нападна Норис ја презеде лидерската позиција и победи.
До крајот на трката немаше возбудувања, Леклер успеа да се одбрани од Макс Ферстапен, кој немаше проблем со Џорџ Расел. Шестото место му припадна на Алекс Албон од Вилијамс.
Луис Хамилтон успеа од 18.место и старт од пит-стопот да дојде до седмата позиција.
Бодови во Белгија освоија Лијам Лосон (Рејсрнг Булс), Габриел Бортолето (Кик Заубер) и
Пјер Гасли (Алпин).
Пјастри по оваа трка ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Норис на 16 поени.
Наредната недела на програмата е Големата награда на Унгарија.
Фото/ Принскрин