Спорт
Марјановиќ со надигра Јокиќ, Далас го победи Денвер (Видео)
Пред да стигне објавата од НБА лигата дека сезоната е суспендирана на неодредено време, во најсилната кошаркарска лига во светот се одиграа четири натпревари. Нив ги обележа српскиот џин Бобан Марјановиќ кој блескаше во победата на Далас Маверикс над Денвер Нагетс.
Далас Маверикс славеа во дуелот со Денвер Нагетс 113:97. Марјановиќ беше клучниот човек во победата. Спрскиот центар го надигра својот колега од репрезентацијата Никола Јокиќ.
За 31 минута на теренот Марјановиќ забележа рекордни бројки во кариерата, 31 поен и 17 скока. Србинот со својата игра го засени најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ и неговите 28 поени, шест скока и девет асистенции.
На спротивната страна Јокиќ беше блиску до трипл-дабл, забележа 14 поени, 13 скока и осум асистенции.
Филалдлефија убедливо го совлада Детроит 124:106. Дабл-дабл забележаа Џоел Ембид (30 поени, 14 скока) и Ал Хорфорд (20 поени, 10 скока).
Девонте Геем го предводеше Шарлот со 30 поени до победата во Мајами 109:98, додека Њујорк по едно продолжение славеа над Атланта 136:131.
Џулиус Рендл за Никс забележа 33 поени и 11 скока, а кај Атланта се истакна Тре Јанг со 42 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.