Спорт
„Марка“: Како е возможно Модриќ во изборот за Златната топка да биде пред Гризман и Гундоган
Многу коментари предизвика синоќеѓното 67. доделување на Златната топка од страна на „Франс фудбал“. Осми пат во кариерата престижната награда му припадна на Лионел Меси. Аргентинецот зад себе ги остави Ерлинг Халанд, кој според многумина требаше да ја добие наградата и Килијан Мбапе.
Коментари не предизвика само позицијата на која се најде Меси, туку и позициите на Лука Модриќ, Антоан Гризман, Мохамед Салах и Илкај Гундоган.
„Марка“, која традиционално му е наклонета на Модриќ, се прашува како Хрваттот завршил пред Гризман и Гундоган. Во конечното рангирање Модриќ заврши на 10., Салах на 11., Гундоган на 14., а Грзиман на 22.место.
„Во првенството имаше четири гола и три асистенции на 33 настапи, додека во Лигата на шампионите, имаше учинок од два гола и една асистенција. Исто така, со Реал не освои ниту едно од двете најважни натпреварувања и може да се пофали само со трофејот во Купот на кралот“.
Ова се главните причини поради кои голем дел од фудбалските фанови на социјалните мрежи сметаат дека неговиот настап и игрите минатата сезона биле преценети. Го споредуваат преценетиот Модриќ со оние кои се потценети во изборот. Антоан Гризман и Илкај Гундоган.
„Марка“, најчитаниот шпански спортски весник го издвои Модриќ како една од четирите големи нелогичности на изборот за Златна топка 2022/2023 година, споредувајќи го со нивниот избор за истиот период, кој го направија на крајот од минатата сезона.
Во изборот на „Марк“, прв е Халанд, а Меси на второто место.
Понатаму: „Антоан Гризман е на 22 место во изборот за Златна топка. Тоа е многу чудно бидејќи тој беше одличен во вториот дел од сезоната во Атлетико и особено на Светското првенство, каде што ја одведе Франција до финалето. Затоа беше на седмото место место во изборот на „Марка“. Мо Салах пак е на 11 место, иако минатата сезона во најмала рака беше дискретен. Затоа беше 37. во нашиот избор. Или Модриќ , кој е на високото 10 место. Кај нас, пак, не заслужи повеќе од 33 место“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.
Спорт
Математиката на Челси, Лукаку+пари = Виктор Осимен
Ромелу Лукаку (30), по три сезони минати во Интер и една во Рома, во Серија А би можел да го облече дресот на Наполи.
Белгиецот изминатите две сезони настапува како позајмен, во Интер и Рома. Доколку се пресели во Наполи тој би бил дел од трансферот на Виктор Осимен.
Италијанските медиуми најавуваат дека 25-годишниот Нигериец следното лето би можел да го засили Челзи во трансфер вреден меѓу 80 и 90 милиони евра и дека Лукаку ќе послужи како своевидна „доплата“ во таа „зделка“.
За Осимен се заинтересирани и саудиските клубови, па Челзи ќе мора да му понуди голема плата доколку сака да го обезбеди потписот на нигерискиот репрезентативец.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез го декласираа Њујорк Ред Бул
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси стана првиот играч во историјата на МЛС со пет асистенции на еден натпревар.
Меси го растури Њујорк Ред Бул со гол и пет асистенции. Интер славече победа 6:2.
Домашниот тим со пресврт дојде до седмата победа оваа сезона, откако Њујорк поведе во 30. минута преку Данте Ванзеир.
Матијас Рохас израмни во 48. минута, а Меси погоди две минути подоцна.
Рохас ја затресе мрежата на гостите во 62. минута, а Луис Суарез постигна хет трик во финишот.
Погоди во 69., 75. и 81. минута, а Њујорк Ред Бул постигна уште еден гол во седмата минута од судиското надополнување преку Емил Форсберг од белата точка.
Интер е прв во Источната конференција со 24 бодови, додека Њујорк Ред Булс е четврти со 17 бодови.