Спорт
Маркез: Роси е великан, но односите меѓу нас никогаш нема да се добри
Поранешниот Мото ГП-шампион, Марк Маркез, признава дека, најверојатно, навивачите на трката во Мизано овој викенд ќе бидат непријателски настроени кон него поради нетрпеливоста со нивната легенда Валентино Роси, но вели дека нема желба да го смени односот со Докторот, кој се повлекува на крајот на сезоната.
„Секако, тоа што Валентино го направи во Мото ГП и неговите спортски успеси се навистина посебни. Не верувам дека некој ќе го повтори тоа бидејќи тој беше првиот што победуваше толку многу. Тој направи многу за спортот, привлече многу луѓе во Мото ГП и мораме да бидеме благодарни за нив. И в година, ако не вози, патеките ќе продолжат да бидат негови. Зошто? Бидејќи имаше успешна и уникатна кариера, особено во медиумите. Знаете дека мојот однос со него не е најдобар и немам проблем да го признам тоа како реалност. Искрено, не бевме директни ривали во последните години. Не е до мене да ги менувам односите и искрено не ми е многу грижа“, изјави Маркез.
Главната причина за непријателството, секако, е борбата за титулата во 2015 година кога Роси го обвини Маркез дека му помага на шпанскиот сонародник и колега на Роси, Хорхе Лоренцо. Роси водеше од стартот на шампионатот, но Лоренцо се доближи на 11 поени на две трки пред крајот. На трката во Малезија, Маркез се тркаше со Роси откако испадна зад Лоренцо по што Роси го клоцна својот ривал во потег што беше клучен за титулата – тој доби казнеи поени и старт од последното место на трката во Валенсија.
Од последното место на таа трка тој стигна до четвртото место, но Лорецо победи и ја освои титулата со пет поени предост. Роси сметаше дека Маркез и Дани Педроза намерно не се обидувале да се тркаат со Лоренцо на врвот.
Пред неколку дена Грацијано Роси, таткото на Валентино, кој секогаш го следеше својот син на натпреварувањата, во интервју за „Газета дело спорт“ зборуваше за тоа кого најмногу мрази од ривалите на својот син.
„Најомразениот? Па, морам сериозно да го посочам Маркез. Неговиот карактер на крајот се покажа. Кога нема професионализам во спортот, кога се нема вкус за стил и за работа со почитување на противникот, тоа навистина не можам да го поднесам“, изјави Грацијано Роси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

