Спорт
Марко: Сега е јасно, Фетел нема иднина во Ферари
Себастијан Фетел нема иднина во Ферари, смета неговиот поранешен шеф од Ред бул, Хелмут Марко, по уште една контроверзна трка за италијанскиот тим во неделата во Сочи.
И покрај тоа што го имаат најбрзиот болид во Ф1 во моментот, Ферари не успеа да победи на руското ГП и наместо тоа, повторно се вклучи во нов скандал кога Фетел постојано ги одбиваше инструкциите на тимот да го пушти колегата Шарл Леклер во Сочи.
Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата, тврдеше дека постоел договор тој да го пушти Фетел во водство од третото место за потоа тој да му ја врати позицијата. Но, Германецот изјави дека не ги разбрал инструкциите.
Фановите и дел и од коментаторите сметаат дека Ферари непотребно се мешал во трката по прогласувањето на Фетел за возач на денот.
„Немаше причина Ферари да интервенира на таков начин. Само им штетите на своите возачи ако им давате такви наредби“, изјави Кристијан Данер од РТЛ.
Светскиот шампион од 1997, Жак Вилнев, се согласи.
„Фетел беше многу побрз, а Ферари сега има вистински проблем. Не требаше да му кажат веднаш да го пушти Леклер. Кармата ги казни на крајот“, вели Вилнев.
Марко, советникот на Ред бул, исто така застана во поддршка на својот поранешен возач.
„Ферари не успеа да победи со најбрз болид. Иако беше најбрз на патеката, тие решија да го жртвуваат Себастијан. Очигледно, тој нема иднина во Ферари“, изјави Марко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.