Спорт
Мароканскиот херој од 1986 година верува во ново чудо
Поранешниот марокански фудбалер Абдеразак Хајри изјави дека верува во нов подвиг на Светското првенство во Катар. Хајри со два гола на Светското првенство во Мексико во 1986 година го испрати Мароко во втората фаза од натпреварувањето, а Португалија дома.
„Мароко е способен да направи изненадување“, прогнозира поранешниот марокански репрезентативец, главниот „архитект“ во историската победа од 3:1 против Португалија пред 36 години.
„Мисијата нема да биде лесна, но јас верувам во неа“, вели 60-годишниот Хајри во телефонско интервју за „Франс прес“.
На 11 јуни 1986 година тој стана херој откако постигна два гола против Португалија во последниот натпревар од групната фаза.
Тоа беше историски триумф што му овозможи на Мароко да стане првата африканска и првата арапска селекција што стигнала до осминафиналето на Светското првенство.
Доколку избраниците на Валидо Реграџо утре ја победат Португалија, ќе станат првата африканска селекција што играла во полуфинале на Светското првенство.
Потсетувајќи се на натпреварот од Мексико, Хајри изјави дека по двете ремија против Полска и Англија притисокот бил жесток.
„Португалија беше ‘страшна’, но ние ги носевме надежите на една нација, еден континент и на целиот арапски свет. Не беше лесно психички, но сакавме да дадеме сè од себе“, рече тој.
Хајри го постигна првиот гол во 19. минута, потоа го зголеми водството на Мароко само осум минути подоцна, пред Абделкрим Мери во 62. минута да ги зголеми на 3:0. Честа на Португалецот во 80. минута ја спаси Дијамантино Миранда.
„Кога постигнав два гола, мојата радост беше неопислива. Успеавме да ги победиме играчите што ги гледавме на телевизија. Кога зборувам за тоа, ме преплавуваат емоции. Спомените се недопрени, како да беше вчера”, изјави Хајри.
„Никој не веруваше во нас, но ние го направивме тоа“, гордо истакнува Хајри и толку години подоцна.
Мароко, тогаш предводен од Бразилецот Хозе Фариа, потоа загуби од Германија со слободен удар на Лотар Матеус во 88. минута.
И покрај поразот, „лавовите“ со високо кренати глави си заминаа од Мексико.
„Ја освоивме љубовта на јавноста и пред сè го отворивме патот за поголема застапеност на африканските нации на Светското првенство“, рече Хајри.
На следното Светско првенство во Италија, Камерун испиша историја како прва африканска репрезентација што стигнала до четвртфиналето, пред Сенегал да го направи тоа повторно во 2002 година.
На Светското првенство во 2010 година Гана не успеа да стигне до полуфиналето во епски и контроверзен натпревар против Уругвај.
„Ништо не е невозможно во фудбалот, тоа е магијата на овој спорт. Денеска тоа го докажува селекцијата на Мароко“, изјави Хајри.
„Се разбира, овој марокански тим е различен од нашиот, бидејќи фудбалот многу напредуваше во овие 36 години, но неговата константа е одлучноста и желбата да се претставува својата земја што е можно подобро. А играчите тоа го прават брилијантно“, додаде тој.
Четвртфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Мароко и Португалија се игра утре од 16 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата
Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.
Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.
Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.
Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На списокот има Во него има неколку звучни имиња:
Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бик
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.