Спорт
Масвидал сака да му ја „скрши фацата“ на Конор, пред тој да се „предозира со кокаин“

УФЦ ѕвездата Хорхе Масвидал по трите порази во низа, повторно побара меч против Конор Мекгрегор, велејќи дека сака да го направи тоа пред Ирецот да се „предозира со кокаин“.
Масвидал двапати загуби од Камару Усман и еднаш од Колби Ковингтон, а во минатото имаше неколку преговори за меч против Мекгрегор, но тие никогаш не се остварија. Сега, кога на двајцата им е потребна победа да ги вратат своите кариери на вистински пат, „Гејмбред“ Масвидал вели дека е крајно време за пресметка.
„Секако дека сакам меч, пред тој да се предозира на кокаин и потоа мечот никогаш да не се оствари и да загубам шанса за тие лесни пари. Сакам да му ја скршам фацата на Конор и да добијам чек. Но, тоа мора да се случи побргу пред тој да се повреди самиот себе или некој друг. Потребни ми се тие пари. Зошто не во ‘Медисон сквер гарден’ во декември?“, вели Масвидал.
Мекгрегор уште не го посочил својот следен чекор, бидејќи уште се опоравувал од скршената нога која ја доби минатото лето при поразот од Дастин Поаире. За време на паузата, тој очигледно успеа да изгради повисока мускулна маса и најави дека би сакал да се пресели во велтер категорија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендата на Рома стана градоначалник на Верона

Поранешниот играч за врска на италијанската репрезентација и долгогодишен фудбалер на Рома, Дамијано Томази, стана градоначалник на Верона. На изборите за градоначалник тој го победи актуелниот Федерико Сбоарину, адвокат, кој е на таа функција од 2017 година.
Томази претходно беше претседател на Здружението на италијанските фудбалери. Кариерата ја почна во Верона, каде што преку младински погон стигна до првиот тим. Тој остави најдлабока трага играјќи за Рома.
Беше член на римскиот клуб од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/2001 со „волчицата“ ја освои шампионската титула во Италија.
Спорт
Борко Ристовски ќе биде тренер на голманите на РК Вардар

Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, на денешната прес-конференција го објави и составот за следната сезона. Борко Ристовски ќе ја заврши кариерата и ќе биде тренер на голманите, а доколку има потреба ќе им помогне на соиграчите.
Владо Недановски ќе треба да седне на клупата, со оглед дека многу извесно е заминувањето на Давид Дејвис, по одлуката на ЕХФ дека Вардар нема да игра во Лигата на шампионите. Него ќе му помага Столе Петрушевски.
СОСТАВ НА ВАРДАР 2022/23
Голмани: Томовски, Гогов, тренер на голманите Борко Ристовски
Десни крила: Георгиевски, Ќосевски и Џукиќ
Десни бекови: Моралес, Савревски
Среден бек: Карапалевски, Додиќ (ако му дозволи Кјелце), Анте Гаџа
Леви бекови: Талески и Мишевски.
Леви крила: Дибиров (?). македонско лево крило
Пивоти: Стоилов, Атанасовски и Лазаревски
Тренер: Недановски/Петрушевски
Спорт
Стоилов: ЕХФ бездушно не казни, но Вардар и ова ќе го преживее

Двојниот европски првак Вардар и носител на двојната круна во Македонија нема да игра во Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов, кој е секогаш искрен, не крие дека е тешко, но вели дека Вардар ќе се бори и бара Михајло Михајловски да остане во клубот се додека не се најде друг стабилен спонзор.
„Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ, не се свесни каква е ситуацијата кај нас во клубот, можам да кажам дека бездушно не казнија, сега кога долговите беа на крај. Се надевам дека Михајло ќе остане со нас, мислам дека не е време да се тргне зошто Вардар уште не е спасен. Бев сведок на ветувања дека Вардар ќе биде помогнат, а во меѓувреме дојдоа и пандемии, војна…Сега сме вратени неколку чекори назад, но голем дел од играчите ќе останат и Вардар повторно ќе се бори за титулите. Секако, имаме голема конкуренција во Еурофарм Пелистер, кој е голем ривал и ние го респектираме“, изјави Стојанче Стоилов.
Тренер на РК Вардар идната сезона треба да биде Владо Недановски, доколку Давид Дејвис реши да замине поради новонастаната ситуација.