Спорт
Матео Ковачиќ влезе во фудбалската историја

Foto/ EPA
Манчестер сити вечерва во Џеда ја светската клупска титула, а Матео Ковачиќ влезе во фудбалската историја.
Матео Ковачиќ четврти пат во кариерата го освои Интерконтиненталниот трофеј. Четирите трофеи тој ги освои со три различни клуба.
Пред да ја освои титулата со Сити, Ковачиќ два пати триумфираше во ова натпреварување со Реал Мадрид и еднаш со Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ако не го победи Сандерленд, Аморим ќе лета од „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморм, ќе добие отказ доколку попладнево неговиот тим не забележи победа над Сандерленд.
Позицијата на Аморим во клубот не е сигурна, а дополнително се влоши по поразот од Бренфторд минатата недела. Поради тоа медиумите во Англија тврдат дека денешниот меч може да биде последен за Аморим на клупата на Јунајтед.
„Лошата игра и неуспехот против Брентфорд минатиот викенд го вклучија алармот кај клупските челници. Уште еден пораз би можел сериозно да го тестира трпението на ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф и на Глејзерс. Отпуштањето на тренерот во првите 12 месеци од неговиот договор би го чинело Јунајтед дури 12.000.000 фунти, но сите индикации се дека овој факт нема да влијае на евентуалната одлука за негово отпуштање, со оглед на вложувањата“.
Самиот Аморим е свесен дека би можел да биде отпуштен ако нема поволен резултат против Сандерленд.
„Никој овде не е наивен. Разбирам дека ни требаат резултати за да го продолжиме проектот. Ако не ги добиеме, ќе стигнеме до точка на пресврт. Но, сето тоа не е важно. Ми треба уште еден натпревар, една победа, малку повеќе надеж… Не ми е важно, важен е само следниот натпревар. Она од што страдам се поразите, а не евентуалното губење на работата. Се плашиш дека ќе ја изгубиш работата кога треба да ги платиш сметките. Јас немам таков проблем.“
Спорт
Златан за 44-от роденден се почести со автомобил од четири милиони евра

Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави 44-ти роденден, и како и секоја година, ја продолжи традицијата. Се почести со нов луксузен автомобил, а се пофали со својот избор на социјалните мрежи со пораката: „Среќен роденден Златан“, пишува „Aftonbladet“.
Неговата гаража е побогата за „Ferrari F80“, најновиот хиперавтомобил од Маранело.
Автомобилскиот експерт Матес Нилсон објаснува како ова бил логичен потег за познатиот фудбалер.
„Тој е апсолутно во право што го купи, па затоа неговата колекција од модерни ѕверови на „Ferrari“ е комплетна“, рече Нилсон.
Тој го опиша „F80“, како водечки автомобил на „Ferrari“ и наследник на легендарните модели „LaFerrari“ и „Enzo“.
„Тоа е супер спортски автомобил инспириран од Формула 1. Може да се каже дека е речиси Формула 1 автомобил за друмско возење“, додаде тој.
Произведени се само 799 примероци од овој модел, а може да го купат само одбрани и лојални клиенти на брендот.
Се шпекулира дека неговата цена достигнува околу четири милиони евра. Со хибридниот погон V6, автомобилот достигнува максимална брзина од 350 км/ч, а забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,15 секунди.
„Значи, тоа е вистински ѕвер. Еден од најбрзите автомобили во светот“, истакнува Нилсон.
Спорт
Европските великани влего во трка за потписот на вундеркиндот од Мексико

Гилберто Рафаел Мора Замбрано, или само Мора, млад мексикански фудбалер го привлече вниманието на неколку великани на европскиот фудбал.
Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона се меѓу клубовите кои го сакаат момчето кое игра за Тихуана и, верувале или не, има само 16 години.
Тој полни 17 години во средината на октомври, а интересно е што дебитираше на само 15 години и 10 месеци кога стана најмладиот играч во историјата на Тухуана.
Тој стана најмладиот стрелец во мексиканското првенство, а оваа сезона веќе има забележано три гола и една асистенција на осум натпревари.
Се карактеризира со интелигенција и дриблинг, го нарекуваат новиот волшебник.
Мора има откупна клаузула од 6,2 милиони евра.