Спорт
Матијас Погба: Вештерката на Пол му зеде 4.000.000 евра
Францускиот фудбалер Пол Погба во моментот не игра за Јувентус поради повреда, но е во центарот на медиумското внимание во својата земја и остатокот од светот. Веќе неколку недели целото семејство поминува низ драма кога братот Матијас најпрвин се обиде да разоткрие сè што прави Пол, а потоа заврши во притвор бидејќи се обидел да изнуди пари од својот брат.
Во целата приказна најинтересно е откритието на Матијас дека брат Пол му посетувал вештерка. Тој тврди дека вештерката била вмешана во трансферите на Пол Погба, францускиот поход на титулата на СП во Русија. Услугите на вештерката на Погба му ги препорачал поранешниот играч на ПСЖ и Тотенхем, Серж Орие.
„Пол ја ангажира вештерката што му ја препорача Серж Орие. Тој шест години ги користи нејзините услуги. Пол плати четири милиони евра, а таа учествуваше во неговиот трансфер во Манчестер јунајтед и во походот на титулата на мундијалот во 2018 година. Пол беше особено задоволен од нејзината работа откога Франција го освои Светското првенство. Тој побарал од вештерката да фрли магија врз Килијан Мбапе пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед. Задачата на вештерката беше да предвиди каква иднината го чека Пол, да ги подобри неговите квалитети, да ги саботира неговите ривали, да им фрла магии на противниците со цел да го уништи нивниот потенцијал. Пол Погба ѝ плаќаше помеѓу 75 и 100 илјади евра еднаш или двапати месечно, исплатата секогаш беше во кеш“, откри братот на Пол Погба, Матијас.
Во меѓувреме, Матијас Погба беше приведен поради соработка со организирана банда. Се претпоставува дека тој се обидел да изнуди 13 милиони евра од Пол здружувајќи се со киднаперите што упаднале во неговиот стан. Но, тој во својата изјава ги негира обвинувањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.
Спорт
Хулкенберг од наредната сезона во Заубер
Германскиот автомобилист Нико Хулкенберг од 2025 година, ќе има нов работодавец. 36-годишникот ќе вози за тимот на Кик Заубер.
„Среќен сум што возам за Кик Заубер од 2025 година и што во иднина ќе го претставувам германскиот производител на патеките во Ф1“, објави Нико Хулкенберг на социјалните мрежи.
Од 2026 година во Заубер влегува германскиот производител Ауди.
Хулкенберг е член на тимот на Хас во тековната сезона, а неодамна беше објавено дека нема да ја продолжи соработката со американскиот тим.
„Хулк“ дебитираше во Формула 1 во 2010 година како возач на Вилијамс на Големата награда на Бахреин. Во меѓувреме освои една пол-позиција.
Во претходната сезона, Хулкенберг го заврши натпреварувањето на 16. место во генералниот пласман во Ф1 со девет бодови.
Спорт
(Видео) Кари е најдобар „клач“ игра во НБА
Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари ја доби наградата „Џери Вест“ која му се доделува на најдобриот играч на НБА лигата во решавачките моменти од натпреварите во регуларниот тек на сезоната.
Во НБА, последните пет минути од последната четвртина или продолжението кога еден од тимовите има најмногу пет поени предност е дефинирано како „период на одлука“.
Како што соопшти НБА, Кари победи со вкупно 298 поени, а зад себе ги остави Демар Дерозан (Чикаго) (272), Шеј Гилџис-Александер (Оклахома) (160) и Никола Јокиќ (Денвер) (85).
Тој во регуларниот дел постигна 189 поени, во решавачките моменти, Демар Дерозан 182, додека Гилџис-Александер постигна 112 поени.
Неговите Голден Стејт Вориорс не влегоа во плеј-офот, беа елиминирани од Сакраменто Кингс во првиот плеј-ин натпревар.
Кари оваа сезона имаше просек од 26,4 поени, 4,5 скока и пет асистенции по натпревар.