Спорт
15 шпански репрезентативки одбија да настапат за националниот тим

Шпанскиот фудбалски сојуз потврди дека добил е-пошта од 15 репрезентативки, во кое тие побарале да им биде врачен отказ на селекторот Хорхе Вилда и неговите помошници. Фудбалерките се заканија дека повеќе нема да играат за националниот тим доколку нивното барање не биде исполнето.
Играчите, меѓу кои не е Алексија Путелас, актуелниот добитник на „Златната топка“ и наградата на ФИФА за најдобра во светот, а нема ниту една фудбалерка на Реал Мадрид, го испратија своето барање со порака дека нивната моментна емотивна состојба, како и нивното здравје, е нарушена и дека нема да се вратат во репрезентацијата доколку не дојде до промена на клупата.
Шпанскиот фудбалски сојуз експресно реагира со пораката дека Вилда ќе остане селектор на националниот тим.
„Сојузот нема да дозволи фудбалерките да го доведуваат во прашање продолжувањето на работата на селекторот и неговиот штаб. Ситуацијата од спортско прашање се претвори во прашање на достоинство. За репрезентацијата не се преговара. Фудбалерките што се повлекоа, ќе се вратат во репрезентацијата само доколку ја признаат грешката и побараат прошка. Ова е невидена ситуација во машкиот и женскиот фудбал, во Шпанија и во светот“, велат од Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Меган Рапино, американската репрезентативка и една од најпрепознатливите фудбалерки на денешницата, ги поддржа шпанските репрезентативки.
„Во Америка заедно со вас се 16 фудбалерки. Моќно е кога толку многу играчи се обединуваат, треба да го слушнеме тоа“, порача Рапино на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.