Спорт
Мбапе го „уништи“ Лион, па се повреди, ПСЖ се врати на прво место!

Пари Сен-Жермен со неверојатни 2:4 го доби дербито на 30. коло во француската Лига 1 против Лион, и го искористи „киксот“ на Лил за да се врати по подолга пауза на врвот на шампионатот.
Прва ѕвезда на тимот на Маурисио Почетино беше Килијан Мбапе, откако 22-годишниот француски репрезентативец постигна два гола за да стигне до неверојатната бројка до 100 постигнати гола во францускиот шампионат, иако постои загриженост во таборот на Парижани, откако мораше да биде повлечен од игра во 70-тата минута од мечот.
Мбапе уште во 15. минута го отвори резултатот, пред Данило во 32. минута да зголеми на 0:2. Почетокот на второто полувреме беше уште посилен – Анхел ди Марија стрелаше во 47. минута, а веќе во 52. минута Мбапе го постигна својот втор гол. Ислам Слимани веднаш по влегувањето во игра во 62. минута намали на 1:4, пред Максвел Корне во 81. минута да ги постави конечните 2:4.
Откако Ним стигна до изненадувачка 2:1 победа на гости кај Лил, ПСЖ сега се лидер во Лига 1 со 63 поени, колку што имаат и Лил (но со послаба гол-разлика), додека Лион остануваат трети со 60 поени.
ЛИГА 1, 30.КОЛО
Лион – Пари Сен-Жермен 2:4
Лил – Ним 1:2
Стразбур – Ленс 1:2
Брест – Анжер 0:0
Дижон – Ремс 0:1
Монпелје – Бордо 3:1
Нант – Лориен 1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сите фудбалери на Копа Америка ќе бидат вакцинирани, УЕФА не планира вакво нешто

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (ЦОНМЕБОЛ) потврди дека ќе има достапни 50.000 кинески вакцини за КОВИД-19 за имунизација на сите фудбалери пред Копа Америка ова лето.
Јужноамериканскиот шампионат се оддржува од 13 јуни до 10 јули во Аргентина и Колумбија, и ќе учествуваат само 10-те традиционални репрезентации: Бразил, Аргентина, Колумбија, Чиле, Венецуела, Еквадор, Уругвај, Парагвај, Перу и Боливија.
Кинеската фарамецвтска компанија „Синовак“ ги донира потребните вакцини.
„Ова е најдобрата вест за јужноамериканскиот фудбал. Ја поздравуваме солидарноста и поддршката од ‘Синовак’, компанија која сфаќа дека фудбалот е клучен за економијата, културата и физичкото и менталното здравје“, изјави претседателот на ЦОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.
УЕФА досега ги отфрлаше сите предлози за задолжително вакцинирање на Европското првенство, кое стартува на 11 јуни, со Македонија како една од земјите учесници.
Спорт
Реал не се суеверни – патуваа во Ливерпул на 13-ти, ќе бидат сместени во хотелот „Титаник“

Реал Мадрид имаат освоено 13 европски титули, бројка која оттогаш не им донесе многу среќа – Кристијано Роналдо си замина тоа лето, а „кралевите“ беа елиминирани од Ајакс и Манчестер сити следните две сезони.
Но „кралевите“ очигледно не се суеверни, откако полетаа за Ливерпул на вторник 13-ти, ден кој во голем дел од Европа се смета за несреќен, а покрај тоа, решија да престојуваат во хотелот „Титаник“, a мечот ќе го играат на истиот ден на кој се одбележува 109-годишнината на трагичното потонување на бродот со исто име во 1912 година.
Уште црна мачка да им претрча пред „Енфилд“.
Спорт
Судиска љубов! Хауард Веб се ожени со Бибијана Штајнхаус!

Поранешниот фудбалски судија од Премеир лигата, Хауард Веб се оженил со својата долгогодишна девојка, германската фудбалска судијка Бибијана Штајнхаус за време на интернационалната пауза минатиот месец.
„Се земавме за време на интернационалната пауза и многу сме среќни. Поради короната, Хауард и јас моравме да го направиме овој чекор сами, како двојка. Не беа дозволени ниту докази. Секако, нема ниту меден месец“, вели Штајнхаус за „Билд“.
49-годишниот Веб беше дологодишен судија во Премиер лигата и главен судија во финалето на Светското првенство во 2010 година, додека 42-годишната Штајнхаус беше прва судијка во Бундеслигата, а сега работи на ВАР-системот во Германија. Веб се пресели во Германија откако се разведе со својата прва сопруга Кеј, со која има три деца.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш