Спорт
Мбапе и ослабениот ПСЖ во лов на ѓаволи на „Олд Трафорд“
Паузата, конечно, заврши. Лигата на шампионите вечерва се враќа на програмата и тоа со интересна пресметка на богатиот париски клуб Пари Сен-Жермен и разиграниот Манчестер јунајтед.
Кога беше објавена ждрепката за осмина-финалето во декември, на трикратниот европски шампион Јунајтед никој не му даваше шанси за пласман понатаму, посебно по ужасната домашна форма под Жозе Мурињо, од една страна, и газењето на ПСЖ на домашните ривали.

Но, сега, два месеца подоцна, проблемите се кај гостите. Оле Гунар Солксјер успеа да има неверојатен старт како преоден менаџер на Јунајтед победувајќи во 10 меча од своите 11 и одигрувајќи реми во 11-тиот.
„Се поставивме во позиција да си дадеме вистинска шанса по формата пред овој натпревар. Самоуверени сме и изгледаме како тим. Ако имаше совршено време за голем натпревар, тоа е сега. Мислам дека мојот тим е способен да победи кој било противник. Кога работиме напорно, работиме, кога тренираме лесно, се концентрираме. Можеме да изненадиме“, изјави Солскјер.

ПСЖ, од друга страна, откако беше прв во групата Ц со Ливерпул и Наполи, наместо да е фаворит во пресметката, сега е во незгодна ситуација бидејќи тренерот Томас Тухел доаѓа на театарот на соништата без повредените Нејмар и Единсон Кавани и ќе мора да се потпре само на сензационалниот Килијан Мбапе во нападот.
Во сенка на оваа пресметка, вечерва на „Олимпико“, Рома ќе се обиде да ја надмине кризата во играта присутна овој месец за против незгодниот Порто да направи предност пред тешкото гостување во Португалија.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ОСМИНА-ФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ
Манчестер Јунајтед – Пари Сен-Жермен 21 ч
Рома – Порто 21 ч
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ПРЕД ДУЕЛОТ
– Ова е прв конкурентен дуел меѓу Јунајтед и ПСЖ.
– Ниту еден француски тим го нема победено Јунајтед дома во европските натпреварувања (10-4-0). Во ЛШ само два француски клуба избегнале пораз на „Олд Трафорд“ – Монако во март 1998 (1:1) и Лил во октомври 2005 (0:0).
– ПСЖ има само една победа во 10 натпревари на гости против англиски тимови (1-4-5). Тоа беша 2:1 победата над Челси во март 2016 во осмина-финалето, последен пат кога поминале нокаут-фаза на ЛШ.
– Јунајтед има само една победа во последните девет нокаут-натпревари во ЛШ (1-3-5) – против Олимпијакос во март 2014 година.
– Ова е седми пат едноподруго ПСЖ да влегува во нокаут-фазата на ЛШ, што е најдолга серија по тие на Реал Мадрид (22), Барселона (15) и Баерн Минхен (11). Но, тие никогаш не отишле подалеку од четврт-финалето.
– ПСЖ има постигнато најмногу голови во групната фаза оваа сезона (17 во шест меча).
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јунајтед по пресврт до победа, Тотенхем и Нотингем Форест тонат во бездната
Три натпревари се одиграа во Премиер лигата во терминот од 15 часот, победија домаќините со идентичен резултат 2:1.
Манчестер Јунајтед стигнаа до три бода по пресврт во второто полувреме, против Кристал Палас, а важен детаљ беше директниот црвен картон за Максенс Лакроа во 56-та минута.
Французинот беше тој што му донесе предност на Палас во четвртата минута од играта, но подоцна се претвори во трагична фигура.
Судијата Крис Кавана досуди пенал за Јунајѕед, а по консултација со ВАР собара процени дека треба и да му покажа црвен картон на Французинот.
Најстрогата казна во 57-та минута рутински ја реализираше капитенот на домашниот тим, Бруно Фернандес.
Фернандес запиша и асистенција во 65-та, за Бенјамин Шеско. Словенецот го постигна четврти гол во последните пет натпревари.
Јунајтед сега се искачи на третото место со 51 бод, 10 зад лидерот Арсенал, додека Палас падна на 14-то место и има 35 бода.
Тотенхем и Нотингем Форест жестоко се борат за опстанок, загубија во пресметките со Фулам, односно Брајтон.
Фулам во лонндонската пресметка му го нанесе 13-от пораз на Тотенхем оваа сезона, втор под водство на Игро Тудор. Вилсон и Ивоби му донесоа голема предност на Фулам во првиот дел, во вториот Ришарлисон намали на 2:1, но Тотенхем немаше сила да избегне пораз.
Во Брајтон, конечниот резултат беше поставен по само 15 минути игра. Брајтон поведе преку Гомес во шестата минута, за Форест израмни Гибс-Вајт во 13-та, а две минути подцна ветеранот Велбек го постави конечниот резултат.
Тотенхем е 16-ти со 29, а Форест позиија подолу со 27 поени, Вест Хем на 18 место има 25 бодови.
Foto/ EPA
Спорт
Барселона без Левандовски против Атлетико
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид.
Каталонскиот клуб потврди во официјално соопштение дека Левандовски претрпел силен удар во пределот на очите и дека се здобил со повреда, поради која нема да му биде достапен на Ханси Флик за натпреварот против Атлетико Мадрид.
Ова е огромен удар за Барселона, на која ќе ѝ биде потребна целата расположлива напаѓачка моќ за да се обиде да постигне четири гола и да се врати во двомечот против своите големи ривали.
Во првиот натпревар, Атлетико победи со 4:0 и со тоа им го нанесе најубедливиот пораз на Каталонците во ерата на Ханси Флик.
Од оваа недела е познато дека дури и повредениот Френки де Јонг нема да игра против Атлетико, кој ќе биде надвор од теренот до април, додека Ерик Гарсија нема да игра поради црвениот картон на првиот натпревар.
Натпреварот Барселона – Атлетико Мадрид е закажан за вторник во 21 часот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Војната влијае и на фудбалот: Одложена „Финалисима“ во Катар
Поради актуелните конфликти во голем број азиски земји, „Финалисима“, натпреварот во кој требаше да се сретнат актуелните шампиони на Европа и Јужна Америка е одложен.
Натпреварот Шпанија-Аргентина беше закажан за 27 март во Катар, но бидејќи оваа земја е погодена од актуелната воена ситуација, беше објавено дека натпреварот е суспендиран.
Катар беше цел на ирански напади како една од земјите на Блискиот Исток на чија територија се наоѓаат американски воени бази.
Да потсетиме дека САД и Израел го нападнаа Иран во организирана воена операција и во тој процес го елиминираа верскиот лидер на оваа земја, ајатолахот Хамнеи, така што Иран одговори со воздушни напади врз ОАЕ, Катар, Бахреин, Јордан, Кувајт…
Сето ова ги принуди катарските власти да ги одложат сите фудбалски натпревари и турнири до понатамошно известување.
Foto/ depositphotos

