Спорт
Мбапе жали за Тухел: Никој нема да те заборави, тренеру

Килијан Мбапе го испофали поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, велејќи дека „никој нема да го заборави“ германскиот тренер.
Пред Божиќ, Германецот доби отказ и покрај тоа што вчера со 4:0 го победи Стразбур, ставајќи крај на две и пол годишната работа на поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, во кои ги освои сите француски титули и минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите.
„Тоа е тажниот закон на фудбалот. Никој нема да го заборави твоето време тука. Ти напиша прекрасен дел од историјата на клубот и можам да кажам само: Благодарам, тренеру“, напиша Мбапе на Инстаграм.
Првата активност на Тухел откако го замени Унаи Емери во мај 2018 беше да му даде постојан договор на Мбапе, кој пристигна од Монако како позајмен фудбалер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Безмилосниот Абрамович со ретка објава: Лампард ќе остане икона на клубот

Роман Абрамович вообичаено е тивкиот газда, тој што ги влече конците од заднина, но не се експонира во јавноста, а по одлуката да го отпушти Френк Лампард, рускиот милијардер (кој сега наводно живее во Израел), реши да се јави со официјално соопштение.
Тој му се заблагодари на 42-годишниот Лампард за речиси двегодишната соработка и посочи дека статусот на Англичанецот како икона на Челси останува без дамка. Ова е првпат Абрамович да даде соопштение по смена на тренер.
„Ова беше многу тешка одлука за клубот не само поради моите одлични лични односи со Френк и огромната почит што ја имам кон него. Тој е човек со огромен интегритет и највисока работна етика. Меѓутоа, под сегашните услови веруваме дека е најдобро да се смени менаџерот. Од сите во клубот, бордот и од мене лично, би сакал да му заблагодарам на Френк за рабоата и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува без дамка. Секогаш ќе биде топло добредојден на ‘Стемфорд бриџ’“, се вели во изјавата на Абрамович на официјалната веб-страница на клубот.
Спорт
Замената за Џеко Рома ја најдe во Белгија

Един Џеко до крајот на предониот рок би може да ја напушти Рома. Нетрпеливоста помеѓу него и тренерот Фонсека кулминираше пред десет дена, поради што Џеко, викендов не играше против Специја.
Во Рома се подготвени да продолжат понатаму без репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Во клубот во Белгија го нашле играчот кој требада го замени капитенот.
Станува збор за напаѓачот на Бриж, Роман Јаремчук. Италијанските медиуми тврдат дека веќе се започнати преговорите помеѓу клубовите.
Според овие извори, Бриж, за својот напаѓач бара 12.000.000 евра.
Спорт
Миочиќ ќе ја брани титулата против Нгану

УФЦ објави дека Стипе Миочиќ и Френсис Нгану ќе се борат за шампионскиот пораз во тешка категорија.
Миочиќ е актуелниот шампион во тешка категорија, а Нгану ќе се обиде да му го земе појасот на УФЦ 260, планиран за 27.март.
Ова ќе биде втора борба помеѓу Миочиќ и Нгану. Првата нивна борба, одржана во 2018 година, му припадна на Миочиќ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот